TV

Останува или си заминува како Шерифовиќ? Ана Бекута ја откри вистината за „Ѕвездите на Гранд“

Advertisement

Во последните денови вниманието на јавноста е насочено кон случувањата во рамки на популарното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, особено по објавата на Марија Шерифовиќ дека се повлекува од жирито. Наскоро потоа се појавија шпекулации дека и Ана Бекута ќе го напушти шоуто, но таа одлучно ги демантираше тие тврдења гостувајќи во специјалната емисија Ѕвездите на Гранд Специјал.

Бекута, која со години е едно од препознатливите лица на ова музичко натпреварување, порача дека останува дел од тимот, и покрај гласините што се појавија по смртта на Саша Поповиќ, основачот и долгогодишен директор на Гранд продукција.

Advertisement

„Никако! Не одам јас никаде од Гранд, ниту од Ѕвездите на Гранд. Тука сум и однапред се радувам на следната сезона. Верувам дека ќе ја реализираме токму така како што Саша би посакал и замислил. Дел сум од овој проект уште од самиот почеток, од 2003 година, и секогаш со радост му се враќам“, изјави пејачката.

Говорејќи за покојниот Саша Поповиќ, Бекута се присети на неговата улога во обликувањето на домашната музичка сцена:

„Тој беше пионер на ваквиот формат на натпреварувања кај нас. Како одличен познавач на публиката, секоја година го унапредуваше концептот заедно со својот тим. Не штедеше ни време ни знаење, и секој што знаеше да го препознае тоа и да го искористи – успеа. Беше неверојатно посветен човек и сметам дека Гранд и Ѕвездите на Гранд ги остави во сигурни раце. Тоа, според мене, е неговиот најголем успех“, додаде таа.

Advertisement

Да потсетиме, големото финале на оваа сезона на Ѕвездите на Гранд се одржа во саботата, но беше прекинато поради немирите на улиците на Белград предизвикани од студентски протести. Завршната емисија ќе продолжи наредната сабота, на 5 јули.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button