Познатиот пејач Јордан Митев сподели среќна вест – пристигнуваат честитки, сите ги изненади (фото)
Позитивна вест од работилницата на Јордан

Пејачот најави нова песна
Познатиот фолк-пејач по големиот успех што го имаше со последната песна наскоро ќе ги израдува фановите со нова песна.
Популарниот фолк-пејач Јордан Митев на социјалните мрежи најави нова песна со која ќе ги израдува своите бројни фанови.
По големиот успех што го имаше со „Ех што имам брачеди“, Јордан откри дека наскоро ќе излезе уште една песна со видео.
Принтскрин/ Јутуб
„Пред да започнат најтоплите два месеца во годината од мојата работилница ќе излезе уште една нова песна. За неколку дена ќе биде пуштена новата песна со видео“, најави Јордан на својот Фејсбук профил.
Инаку, за успехот на претходната песна зборува и тоа што за помалку од два месеци има речиси 200.000 прегледи на Јутјуб.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Јордан пред само неколку недели соопшти уште една преубава вест со која ги израдува неговите фанови.
Јордан со ќерката Кристина
Имено, пејачот откри дека неговата сопруга повторно е во блажена состојба и дека овој пат очекуваат машко дете.
Неговата ќеркичка Кристина за неколку месеци ќе наполни две години, а тој по нејзиното раѓање објави и песна за неа.
Повеќе за ова прочитајте тука.