Рецепти

Турли тава за мерак – старински сочен рецепт од Зорка што ќе ве врати на трпезата на баба

Сочна, миризлива и богата со вкус - оваа турли тава е стара тајна од Тиквешијата што се пренесува од генерација на генерација. Рецептот ни го откри Зорка Јанчeва, подготовката е лесна, а резултатот - неверојатен!

Advertisement

„Драги мои, денеска за ручек решив да ја израдувам мојата драга фамилија и милата ми екипа со едно вистинско традиционално јадење – турли тава од душа!“, вели Зорка Јанчeва, споделувајќи го својот проверен рецепт кој го има подготвувано многупати, со љубов и инспирација од Тиквешијата.

фото-приватна архива

Оваа турли тава е сочна, полна со свежи зеленчуци, има и месо, а се е печено до совршенство. Еве како да ја подготвите и вие дома:

Advertisement

Состојки:

2 парчиња свинско филе, исечени на покрупни парчиња, зачинети и запржени

1 тиквичка

Advertisement

1 модар патлиџан

1 жолта пиперка

1 црвена пиперка

3 суви пиперки

2 моркова

2 домата

2 главици кромид

1 кеса замрзната бамја

6 чешниња лук

1 кг компир

Свежо нане и магдонос

фото-приватна архива

Сето ова се сече на покрупно, се зачинува со: сол, бибер, мешан зачин, оригано, црвен пипер и малку масло.

Се меша убаво, се додава запрженото месо и се става во тава. Одозгора се покрива со мрсна хартија што претходно сте ја омекнале во топла вода.

Се пече на 180°C околу 1 час и 30 минути, па потоа се вади хартијата и се враќа во рерна уште 30 минути да добие златна боја и неодолив мирис.

фото-приватна архива

„Сè се крчкаше убаво, а на крајот добив тавче што мириса на детството. Мерак за јадење!“, завршува Зорка со насмевка.

фото-приватна архива

Совет: Послужете ја топла, со парче леб, јогурт или кисело млеко. А ако ви остане за наредниот ден, уште поубава ќе биде!

„Пријатен апетит и бидете ми сите здрави и насмеани!“ – порачува вредната домаќинка Зорка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button