Наскоро ќе зачекори во седмата деценија, а изгледа беспрекорно! Тајната на Марина е во овие капки
Таа редовно пешачи, но откри и како се негува...

Изгледа привлечно и мами воздишки…
Нашата поранешна водителка Марина Дојчиновска и на 59 години е дама која привлекува внимание со својот изглед.
Тоа можевме да го видиме и неодамна, на свадбата кај синот на Трајче Мајка од „Мерак меана“, каде поранешната водителка блескаше од глава до пети во спектакуларна креација што ја носеше.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Таа за оваа пригода избра црн фустан, а многумина коментираа дека се уште е една од најубавите жени на нашата јавна сцена.
Марина иако чекори во шестата деценија од животот, многумина би помислиле дека е минимум дваесетина години помладо.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Но зад сето тоа стои нејзината грижа за себе, како и нејзиниот посебен начин на нега, но и начинот на кој ја одржува својата линија.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Имено, Марина веќе со години е ексклузивен увозник и застапник на Хунза маслото од семки од кајсија од Хималаите.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Таа првите контакти со Кралството Хунза го направи во 2005 година, а ова нејзино патување и го промени животот.
Пред нешто повеќе од десетина години го започна овој свој проект, од кога почна и да го добива Златните капки.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
И токму во овие Златни капки се крие и нејзината тајна, а таа на овој начин се негува веќе со години наназад.
Станува збор за драгоценото масло од кајсии која што и самата го користи и за кое вели дека ги заменува и најскапите креми.
„Немам друга тајна освен ЗЛАТНИТЕ КАПКИ од Хунза. Маслото од семка од кајсија стана моја единствена козметичка рутина, исто како кај жените од Хималаите – на кои им се восхитував и се чудев како може да имаат лице без брчки и на 70 години“, вели Марина и објаснува како овие капки се користат, но и кои се придобивките од нив.
„15 капки наутро и навечер се доволни, за да ги внесете сите природни витамини во организмот. Уште 5-6 капки на лицето заменуваат најскапи креми и лосиони, а ефектите ги гледате веднаш, открива марина додавајќи дека станува збор за потполно природен апарат, без грам хемија“ вели оваа прекрасна дама.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Покрај тоа, Марина е и мошне физички активна, а најголеми виновници за тоа се нејзините малтезери Зои и Бел.
„Околу физичката кондиција имам асистенција од моите Малтезери-Зои и Бел. Секојдневните прошетки со нив и пешачењето на кејот на Вардар, заменуваат посети на фитнес клубови. Кога сме во Гари или Владимирово, пешачењето станува планинарење – а тоа ни годи на сите“, откри Марина во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Марина прочитајте го тука.