Наши ѕвезди

Пејачот од Македонија победи во „Никогаш не е доцна“ – Науновски прв до трофејот во популарното шоу

Кире освои најмногу Фејсбук гласови

Advertisement

Кире Науновски победи во финалето

Оваа вечер беше големото финале од шоуто „Никогаш не е доцна“, а еден од победниците е Кире Науновски.

Advertisement

Од дванаесетте кандидати што се натпреваруваат оваа година во популарното шоу, ќе бидат прогласени тројца победници – според жирито, од Фејсбук гласови и преку СМС гласање.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Најпрво беше прогласен победникот преку Фејсбук гласањето, а тоа е нашиот Кире Науновски кој ги воодушеви сите.

Advertisement

Тој доби убедливо најмногу гласови, а по прогласувањето им се заблагодари на сите што гласале за него.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Тој освои речиси 30 % од гласовите на Фејсбук, а победничка со СМС гласовите беше Маријана Солдат Богојевиќ.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Кире е од Свети Николе и со музика се занимава речиси цели три децении, од својата 16 година.

Тој веќе 15 години ужива во својот убав и складен брак од кој има две деца, а токму тие му се и најголема поддршка.

Како изгледа и неговата понежна половина, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button