Згоднот пејач од Македонија ја расплака Алка Вуица во финалето – ГЛАСАЈТЕ ТУКА за нашите кандидати
Финалето е во тек, а вие го избирате и ФБ победникот

Шармантниот Миро ја расплака познатата пејачка
Вечерва започна финалето од десеттата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“ во кое се натпреваруваат 12 кандидати.
Од нив тројца се Македонци, така што ова финале ќе биде интересно за гледачите од нашата земја.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Од нив прв беше Мирослав Тодосовсми Миро, кој во шоуто настапи како втор кандидат и ги воодупеви сите.
Тој за финалето ја избра песната „Ако има Бога“ од „Бјело Дугме“, а со својот настап ја расплака Алка Вуица која е дел од жирито.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Таа задно со Енес Беговиќ станаа од столчињата и заиграа, а пејачката кога Миро заврши, го изјави следново:
„Никогаш никој со повеќе емоции не ја испеал песната, на мене ми се насолзија очите. Феноменално“, изјави таа.
„Од тебе пее таа твоја мајка и татко. Јас ти честитам, ништо подобро одамна не сум слушнал, додаде Енес Беговиќ“, алудирајќи на потеклото на мајката на Мирослав од Босна и таткото од Македонија.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Имено, Мирослав веќе долги години живее во Словенија со својата партнерка која е поранешна тенисерка од оваа земја.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Талентот за музика го има наследено од својот татко, а започнал со тапани на свои 13 години и од тогаш другарува со музиката.
Што се однесува до „Никогаш не е доцна“, Мирослав штом прв пат се појави на сцената и запеа, веднаш доби громогласен аплауз и сега важи за еден од милениците на публиката. За него, како и за бил кој од другите кандидати, може да гласате и на следниот линк.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Потсетуваме, во финалето за титулата победник ќе се борат 12 финалисти, а најдобрите меѓу кои и тројца одлични пејачи Македонци, ќе се изберат со помош на СМС пораки, стручното жири и Фејсбук гласови.
Покрај Мирослав, за прво место оваа година ќе се борат и Кире Науновски и Зоран Рудан Цеки за кои нашата публика веќе имаше прилика да гласа, во полуфиналната вечер.