Хороскоп

Неделен хороскоп од 30 јуни до 6 јули – победа за Лавовите, неочекувани пресврти за Девиците, љубовна магија за Близнаците

Еве што го чека секој хороскопски знак во наредните седум дена, од 30 јуни до 6 јули. 

Advertisement

Оваа недела, Венера – планетата на љубовта – влегува во Близнаци, носејќи желба за лесни, забавни разговори, нови флертови и искри меѓу луѓето. Подгответе се за емоционални пресврти и освестување што доаѓа директно од вашата внатрешна потреба за разновидност.

Овен – многу енергија

Јули ти го разгорува срцето со силна потреба за вистинска љубов. Харизматични сте и забележливи, некој може сосема да се изгуби во вашата голема енергија. На работа сте сигуни во себе и настапувате храбро што ќе ви отвори многу врати.

Advertisement

Здравјето бара да не претерувате во динамиката од неделата, а среќата ќе ви даде поддршка само ако сте смирени и трпеливи. Средината на неделата ви носи краток пад на енергијата, но на крај светлината пак ќе блесне во ваша полза.

Бик – шанса!

Промени во љубовта ви го будат немирот, барате сигурност која моментално изостанува. Но ова е време да се препуштите на животот така како што ќе ве носи, и да им верувате на процесите на работа на Универзумот. Ќе имате бројни предизвици бидејќи не сите ве препознаваат, но сепак, вашата вредност нема да остане незабележана.

Здравјето е стабилно ако најдете начин за повеќе одмор и релаксација. Среќата ќе ви биде наклонета на почетокот од неделата кога можете да добиете интересен предлог или некоја голема шанса.

Advertisement

Близнаци – љубовна магија

Венера влегува во вашиот знак и ви носи љубовна магија. Привлечноста ви е силна и секој разговор се претвора во флерт… Отворени сте за нови средби кои речиси секојдневно ќе ви носат возбуда.

На работа вашиот шарм ве носи кон успех, но телото може да не го издржи темпото, па затоа најдете време и за себе. Среќата најмногу ќе биде со вас во средината на неделата, кога една нова врата се отвора сосема ненадејно. Очекувајте интересни покани и непланирани авантури.

Рак – искажете ги чувствата

Љубовта е длабока и искрена со типична емоција каква што знае да има само Ракот, која оваа недела дополнително се разгорува. Не се срамете да покажете чувства, токму тие ќе го стопат срцето на другиот…

На работа конечно добивате признание за упорноста. Здравјето е одлично ако си дозволите моменти само за себе можеби крај езеро или во природа. Среќата ве бара токму кога ќе се повлечете и ќе бидете искрени со себе.

Лав – победа

Венера конечно ви се враќа и срцето ви пулсира со топлина – нови љубовни искри се на повидок особено за оние кои се слободни. На работа ве чекаат победи, па сега е моментот да заблескате со сиот свој сјај.

Здравјето е стабилно, но емоционалната енергија бара балансирање. Среќата ве следи особено во вториот дел од неделата кога можете да постигнете многу без да се напрегате.

Девица – неочекувани пресврти

Сомнежи се провлекуваат низ вашите љубовни мисли и ви се мати сликата… Понекогаш срцето знае подобро од умот па дозволите му да води. На работа, вашата дисциплина носи резултати и ќе добиете признание кое одамна го чекате.

Здравјето ви е на високо ниво и се чувствувате полн со сила и желба за нови подвизи. Среќата е најсилна на почетокот од неделата кога ќе се изненадите од неочекувани пресврти.

Вага – љубовни искри

Љубовта конечно блеснува и повторно се чувствувате дека сте во своја кожа, дека сте свои. Нова искра е на повидок, без разлика дали станува збор за стара симпатија или нова сосема ново лице, во секој случај, ќе дознаете како срцето знае да пее.

На работа, имате бројни идеи и лесно ги пренесувате, па сите ќе сакаат да соработуваат со вас…Здравјето е променливо но ако се смирите и не брзате ќе го задржите балансот. Среќата ве гали среде недела, кога месечината ви носи хармонија.

Скорпија – не брзајте

Венера повеќе не ви е во опозиција и чувствувате олеснување. Љубовта е поедноставна а сепак интензивна како што сакате да биде. На работа имате инспирација и ќе ви се јави идеја која долго време ја чекате, но не брзајте, можеби се уште не е зрела за реализација.

Здравјето ви е добро, а спортот ќе ви биде одлична поддршка за да се ослободите од внатрешниот притисок. Среќата кулминира за време на викендот кога ќе се чувствувате најмоќно.

Стрелец – земете одмор

Во љубовта ве чекаат предизвици бидејќи Венера сега е во спротивен знак. Врските ќе се тестираат а новите познанства ќе бараат трпение… На работа ќе имате резултати само ако останете фокусиран и не се расејувате.

Здравјето е чувствително, па потребна е пауза и малку грижа за телото. Можеби е вистинско време да одите на годишен одмор. Среќата ќе биде недоследна, особено на почетокот од неделата, но подоцна работите ќе се стабилизираат.

Јарец – бидете понежни

Љубовта ви носи убавина и топлина само ако дозволите да бидете нежни и помалку строги, покажете ја емотивната страна и ќе се изненадите од реакцијата на другата страна.

На работа упорноста ве води и полека, но сигурно, се движите кон успехот. Здравјето ви е во добра форма особено ментално каде што конечно чувствувате мир. Среќата ви се насмевнува за време на викендот.

Водолија – уште малку трпение

Љубовниот живот се разгорува со изненадувања и спонтани моменти баш како што сакате. Венера ви носи слобода во изразот и искреност во емоциите. На работа не ве разбираат секогаш, но вашите идеи се посебни и наскоро ќе добијат вреднување, само уште малку трпение.

Здравјето е во пад поради замор, па време е за мал одмор. Среќата доаѓа среде неделата кога ќе почувствувате дека сте на вистинскиот пат.

Риби – расчистување

Љубовта ве разочарува бидејќи сте се занела во идеалите и сега гледате нешта што не сакате да ги видите.. Но токму тоа ве носи поблиску до вистината. Некои љубови ќе завршат токму оваа недела – вие ќе им ставите цврста точка.

На работа вашата интуиција е силна и ќе решите проблем кој другите не можат да го решат. Здравјето бара грижа бидејќи чувствувате умор и тежина на плеќите…Среќата се крие во малите нешта, ако ја најдете ќе почувствувате како сè се менува на подобро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button