Наши ѕвезди

Македонецот беше подготвен за победа во шоуто, но водителката ги шокираше сите со тажната вест

Финалето се одложи?!

Advertisement

Никола Станишиќ беше брилијантен

Единствениот претставник од Македонија во овогодинешното шоу на „Ѕвездите на Гранд“ имаше одличен настап во финалето.

Advertisement

Тој настапи со македонски песни и беше придружуван и од ансамбл, а играчите беа облечени во македонски народни носии.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тие свиреа на зурли и тапани, а на крајот Никола се качи на тапаните и ја запеа познатата песна од Спасен Сиљаонски, „Ќе ти дојдам вечер“.

Advertisement

Никола со својот настап ги водушеви сите, но откако беше завршен првиот круг водителите соопштија тажна вест.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, заради протестите што се случуваат во Белград, шоуто не се емитувало на телевизија во Србија, па за да не бидат оштетени кандидатите од оваа земја, продукцијата реши финалето да го одложи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што соопштија водителите, финалето ќе биде следната сабота, за да не бидат оштетни кандидатите од Србија.

„Имаме едно многу важно соопштение. Гранд продукција отсекогаш ги почитувала фер-плеј правилата за сите играчи. Не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени затоа што емисијата не се емитува во целост на територијата на Србија. Емисијата ја продолжуваме следната сабота, за да бидеме емитувани на сите простори каде Ѕвездите на Гранд се емитуваат, како сите кандидати би имале рамноправни шанси и прилики. Продолжетокот од финалето следната сабота во добро познатиот термин“, соопшти водителката Ана Севиќ.

Бонус видео

Еве што вели Никола за победата во финалето

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button