Пејачот од Македонија растури во финалето – со познати македонски песни настапи, сите ги воодушеви
Не ја тргаше насмевката од лицето, а публиката беше воодушевена од неговиот настап

На телевизија Сител во тек е големото финале на најгледаниот музички натпревар во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.
По девет месеци неизвесна борба, 20 кандидати ќе се борат за прво место, а победникот го избира публиката со СМС гласови.
Победникот во шоуто ќе добие песна, комплетен маркетинг, автомобил Фиат, а продукцијата ќе направи песни на уште неколкумина.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од Македонија оваа година има само еден натпреварувач, а тоа е Никола Станишиќ од Скопје, кој настапи 14 по ред.
Тој својот настап го започна со „Учи ме мајко“, а го заврши со песната “Ќе ти дојдам вечер“ од Спасен Сиљаноски.
На сцената беше придружуван од неколку музичари облечени во народни носии, а додека пееше се качи на тапаните. Неговиот раскошен глас и преубавите македонски песни ги воодушевија сите, па доколку Никола е вашиот фаворит, гласајте со СМС порака со бројот 14.