CelebrityTV

Жика Јакшиќ излезе од болница, но не смее да мрдне од кревет – детали за тајната болест на водителот 

Advertisement

Познатиот водител Жика Јакшиќ неодамна беше итно хоспитализиран поради ненадејно влошување на здравствената состојба. По неколку дена под лекарски надзор, тој е пуштен на домашно лекување и, според блиски извори, се чувствува значително подобро.

– Жика е дома од пред два дена, но не сакаше јавно да се огласува бидејќи сега му е најпотребен мир. Се чувствува подобро и има намера да го води финалето на „Никогаш не е доцна“ во недела – изјави извор близок до продукцијата за српските медиуми.

Advertisement

Сепак, лекарите му препорачале строг одмор и ограничување на напорните активности, барем додека целосно не закрепне.

Како што пренесува „Информер“, станува збор за сериозни симптоми кои се појавиле ненадејно минатата недела, по што веднаш бил примен во болница и бил ставен под медицински надзор.

Продукциската куќа „Гранд“ тогаш соопшти дека најважно е Жика да добие целосен мир и да се фокусира на опоравување:

Advertisement

– Нашиот колега и пријател Жика Јакшиќ моментално е во процес на закрепнување. За среќа, состојбата му е стабилна и се чувствува подобро. Лекарите се оптимисти и очекуваат целосно закрепнување по неколку дена домашна терапија.

Јакшиќ, кој веќе децении е едно од најпрепознатливите телевизиски лица на Балканот, важи за човек со силен работен дух. Но токму постојаниот стрес и темпото на снимања се претпоставува дека придонеле за здравственото влошување.

Иако е решен повторно да застане пред камерите, докторите се јасни: „Никогаш не е доцна“, но одморот сега е приоритет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button