FashionСтил

27 венчаници, 50 милиони евра и јахта од половина милијарда – ова се неверојатните детали во бројки за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

Џеф Безос и Лорен Санчез направија луксузната свадба во Венеција, а деталите ќе ве изненадат.

Advertisement

Џеф Безос и Лорен Санчез приредија венчавка што ќе остане запишана како најгламурозниот и најлуксузниот настан годинава – три дена раскош на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, со буџет што италијанските медиуми го проценуваат на околу 50 милиони евра.

принтскрин инстаграм

На церемонијата присуствуваа околу 200–250 гости, вклучувајќи ѕвезди од A-листата, технолошки титани и политички личности, од Опра, Ким и Клои Кардашијан, до Леонардо ди Каприо, Бил Гејтс и многу други.

Advertisement

Главен акцент на свадбата беше секако на облеката на невестата: 27 различни модни комбинации, односно вистински моден спектакл.

принтскрин инстаграм

Нејзините венчаници, сите рачно изработени од врвни модни куќи како Долче и Габана, Валентино, Ели Сааб, Александер мек Квин, Версаче, беа осмислени како модна програма, а не само свечена облека.

Главниот венчален фустан, изработен од Долче и Габана, со корсет, рачна италијанска чипка и долга опашка инспирирана од Софија Лорен, одзел преку 900 часови во изработка и е оценет како ремек‑дело во модните кругови.

Advertisement

Меѓу другите фустани, се издвојуваше и златниот сатенски од Скијапарели за предсвадбеното добредојде, а потоа невестата облече фустан од Александер мек Квин за пречекување на гостите, по што следуваше фустанот во коктел стил од Оскар дела Рента за вториот дел од вечерта.

принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм

Според проценката на италијанските медиуми, само за венчалните фустани Лорен потрошила над 1,5 милион евра.

Што се однесува до другите луксузни елементи: Безос на сопствената венчална церемонија пристигна со својата јахта „Кору“ вредна 500 милиони долари, која беше користена за приватни забави во меѓувреме, но и за пена парти и коктели за ВИП гостите.

Гостите пак, беа сместени во најпрестижните венецијански хотели – Чипријани, Аман, Грити Палас и Даниели. Секој гостин доби свои лични асистенти, приватен транспорт со вапорета или гондоли, и екслузивни менија од Мишелин готвачи, со трошок кој достигнува 100.000 евра по лице.

принтскрин инстаграм

Декорот, осветлувањето, аудиовизуелните инсталации и финалниот огномет со 80.000 рози на историската Арсенале, беа естетски спектакли проценети на милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

И покрај големата финасиска инвестиција, локалните активисти протестираа против „приватизација на градот“, носејќи транспаренти „No Space for Bezos“ и предупредувајќи на ризик од преоптоварување на јавните простори.

Во знак на компензација, парот донираше три милиони евра за конзервација на Лагуната и културното наследство на Венеција. Сите услови беа усогласени преку лондонската компанија за организација на настани Lanza & Baucina, позната по ексклузивни церемонии за богаташи и аристократи во Венеција и на други локации, притоа давајќи предност во ангажирање на локалниот персонал.

Веднаш по официјалното „да“, Лорен го смени својот инстаграм-профил во Лорен Санчез Безос (Lauren Sánchez Bezos) и ги избриша сите претходни постови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button