Наши ѕвездиНовости

Исплива стара снимка со Анета од помлади денови – и поранешниот е тука, но и една голема легенда

Оваа снимка прв пат беше објавена пред 15-на години, а овие денови повторно стана актуелна на ФБ

Advertisement

Преубава песна, одлична изведба…

Пејачката Анета Љумаковска веќе со години е присутна на нашата сцена, е овие денови исплива една нејзина стара снимка.

Advertisement

Имено, пејачката е позната по својот глас и сјајна енергија со кои прави хаос на нејзините настапи, а тоа го прави од својата младост.

Таа долго време беше пејачка во групата Молика, но по разводот од сопругот продолжи со својата соло кариера.

Advertisement

Анета денес настапува и со момите од „Декапо бенд“, а тоа колку ја сака сцената и што се може да направи со микрофонот ова извонредна дама може да погледнете и од следното видео од нејзината младост.

Принтскрин/ Јутуб, Зајди зајди

Станува збор за стара снимка која овие денови повторно се врати и е голем хит на социјалните мрежи.

Покрај Анета на снимката има и многу други познати музичари, а меѓу нив и маестралниот Зоран Џорлев кој почина од корона.

Принтскрин/ Јутуб, Зајди зајди

Таа на снимката е со долга кафеава коса, за разлика од нејзината црвена боја и шишките што ги носи сега, а како изгледаше тогаш и зошто оваа снимка ги воодушеви нејзините обожаватели од Македонија, но и од дијаспората, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Јутуб, Зајди зајди

На снимката се гледа како Анета ја пее познатата песна „Кирјана вино продава“, додека Џорлев свири на виолина.

Принтскрин/ Јутуб, Зајди зајди

Тие седат еден покрај друг, а пејачката за оваа специјална пригода беше облечена во светкав фустан во нежна виолетова нијанса.

Принтскрин/ Јутуб, Зајди зајди

Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение:

Инаку, на снимката покрај маестралниот Зоран Џорлев и прекрасната Анета се и останатите членови на тогашниот состав на Молика. Тоа се Живко Пуровски на хармоника, Александар Талески на тапани, Горан Лиловски на кларинет, Стив Стуревски како машки воал и на клавијатура, Џими Мицевски, поранешниот сопруг на Анета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button