Вечерва е најмоќната ноќ за „гледање“ на судбината, ставете ја оваа намирница под перница – древен ритуал пред Видовден кој жените го прават само еднаш годишно
Ноќта на Видовден не е само уште една фолклорна приказна. Таа е ноќ на интуиција, соочување со себе и повикување на вистината. Се вели дека она што ќе го сонуваш тогаш не треба да го игнорираш. Тоа не е само сон. Тоа си ти, како што те гледа судбината.

Малку празници низ словенскиот свет се обвиени со толкава мистичност, симболика и преданија како Видовден. Овој ден, длабоко вкоренет во народната традиција, носи во себе мешавина од пагански и христијански елементи, и важи за момент кога времето и просторот се отвораат кон невидливото. Особено значаен е за жените зашто токму ноќта пред Видовден, според старите обичаи, има моќ да ја открие вистинската љубов, да ја предвиди судбината и да даде одговори кои не можат да се добијат на друг начин.
Според древните преданија што се среќаваат и во македонска фолклорна традиција, Видовден (15 јуни стар стил / 28 јуни нов стил) е денот на Свети Вид (или Свјатовид) – старословенски бог на светлината, вистината и видението. Се верувало дека тој гледа сè, и дека токму на овој ден вистината излегува на виделина. Оваа симболика се пренела и во христијанството, каде Видовден е ден на сеќавање и откровение – и телесно и духовно.
Во ноќта што претходи на Видовден, според народното верување, небото се отвора, а соништата што ќе ги видиме таа вечер не се обични, туку се порака. Затоа, се смета дека ова е најмоќната ноќ за прорекување на судбината, особено кога станува збор за љубовта и иднината.
Девојките и жените со векови изведувале мал, но моќен ритуал кој се пренесувал од баби на внуки.
Вечерва, пред спиење, треба под перницата да се стави специфичен вид билка (позната и како видац, видовчица или Euphrasia officinalis), а доколку ја немате ставете парче леб и малку сол, а потоа се изговара оваа молитвена формула:
„Виде, Види, така ти лебу и солу, види ги земјата и небото и покажи ми кој ми е суден, нека ми се јави во сон.“
Се верува дека ако девојката го направи ова, ќе ја сонува личноста што ѝ е судена, а ако таа личност сè уште не е дел од нејзиниот живот, наскоро ќе се појави.
Овој обичај не е резервиран само за девојки. Мажените жени, пак, доколку стават видова билка под перница (илиз а замена, леб и сол), можат во сон да добијат одговори за нешта што ги мачи: здравје, деца, идни настани. Соништата добиени во оваа ноќ не се обични, тие се „вистинити соништа“, како што ги нарекувале старите.
Видовата трева/билка и денес може да се набави во билни аптеки или продавници за здрава храна. Освен во обредите, таа се користи и во народната медицина, особено за лекување на очи – што е симболично, бидејќи и самиот празник се врзува со „видување“, откровение и чиста визија.