Канонизирана прва православна светица од Северна Америка, која била Света Олга – мајка, утешителка и хероина на обичните жени
До сега, сите канонизирани светители на православната црква во Америка биле мажи. Затоа канонизацијата на Олга Мајкл претставува историски чин.

Во едно оддалечено село на Алјаска, Кветлук, стотици луѓе од целиот континент се собраа за да присуствуваат на свеченоста на канонизација на Олга Мајкл – првата канонизирана православна светица од Северна Америка. Наречена Света Олга, мајка на цела Алјаска, таа стана симбол на сочувство, сила и женска светост во православието.
„Мислев дека е само моја мајка“
„Јас ја гледав како мојата мајка, а сега сфаќам дека таа беше мајка на многу други“, изјави Хелен Ларсон, ќерката на Олга, која со своите браќа, сестри и внучиња присуствуваше на канонизацијата, одржана пред една недела.
Олга беше обична жена од народот – родена во јупикска (индигенска) заедница, мајка на 13 деца, бабица и сопруга на православен свештеник. Но, нејзиниот живот го одбележаа тивкатa пожртвуваност и длабоката грижа за другите.
Прва жена меѓу светителите на континентот
До сега, сите канонизирани светители на православната црква во Америка биле мажи. Затоа канонизацијата на Олга Мајкл претставува историски чин.
„Црквата често се доживува како патријархална институција“, рече митрополитот Тихон, поглавар на Православната црква во Америка. „Но ова е потсетник дека светоста не е ограничена со пол – таа е достапна за сите.“
Професорката Кери Фредерик Фрост од Универзитетот Западен Вашингтон додаде: „Повеќето жени светителки се од минатото – маченички, монахињи. Но Олга беше мајка, сосетка, жена што ја познававме.“
Жена со кротко срце, но огромно влијание
Олга стана позната по својата тивка великодушност. Таа нудела утеха на жени кои претрпеле спонтани прекинувања на бременоста, семејно насилство или трауми, иако и самата изгубила пет деца.
Почина во 1979 година од рак, а по нејзината смрт се проширија сведоштва за нејзино духовно присуство – многумина тврдат дека ја виделе во соништата, дури и надвор од Алјаска.

Света Олга – светителка на секојдневните хероини
Канонизацијата на Олга Мајкл е повеќе од религиски чин, тоа е признавање на тивките хероини: мајките, жените, бабите кои не се на насловни страници, но го менуваат светот со добрина.
Во време на потреба од човечност, Света Олга од Алјаска е светлина за сите што веруваат во добрината и скромната, но моќна љубов.