Денес направете го ова за здравје и исцеление – ќе ве чуе св.маченица Акилина

Денес православните христијани ја слават светата маченица Акилина, која уште од најраното детство била посветена на христијанската вера. Родена е во градот Вивлос од побожни родители, а на седум години веќе живеела според Христовите заповеди.
На само десет години, таа им проповедала на своите другарки за Исус Христос, исполнета со благодатта на Светиот Дух. Нејзин духовен наставник бил епископот Евталиј.
На дванаесет години, кога започнало прогонството на христијаните под Диоклецијан, Акилина била пријавена кај намесникот Волусијан, кој бил познат по својата суровост. Таа храбро ја исповедала својата вера, дури и кога ѝ прободеле врел железен клин низ ушите до мозокот. Паднала како мртва, но ангел Господов ѝ се јавил и ја воскреснал, зборувајќи: „Стани, здрава биди!“.
Со таа сила, таа се вратила пред намесникот, кој бил ужаснат кога ја видел жива. Следниот ден, по негова наредба, била изведена и егзекутирана со меч. Светата Акилина пострадала маченички во 293 година – имала само 12 години.
Што да направите денес за добро здравје
Се препорачува да се засади цвет во нејзина чест, најдобро бел или виолетов, како симбол на невиност и вера – и да се замоли за здравје во домот. Старите верување велат дека светата маченица ќе ја чуе вашата молитва.
Advertisement
Денес е и ден кога треба да се прости некоја стара навреда или кавга, затоа што Света Акилина, иако измачена, им простила на своите мачители.
Моќна молитва за светицата
„Света маченице Акилина, чиста девојко и храбра сведетелке на Христа,
моли се за нас пред престолот Божји.
Испроси ни здравје на телото и мир во душата,
за да го славиме Бога со вера, надеж и љубов.
Амин.“