Перо откри што се случува со Панчо во болницата – разговарале телефонски, еве што му кажал
Панчо се подобрува, колку што знам, вели поранешниот НБА кошаркар од Македонија, Перо Антиќ

Владимир Блажев – Панчо се уште се наоѓа во болница по несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој е еден од тројцата преживеани членови на бендот ДНК, додека осуммина од нивната екипата настрадаа кобната вечер.
Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ во своето гостување кај Бојан Јовановски откри дека се слушнал со Панчо, но и дека секогаш е тука доколку му затреба било каква помош и дека се надева дека ќе ги преброди сите предизвици и ќе оздрави.
Принтскрин/ Инстаграм, Бојан Јовановски
Перо и на сите останати повредени им посака што поскоро да оздрават и да им се вратат на своите обврски.
Како што изјави поранешниот кошаркар во поткастот кај Боки, и самиот бил изненаден кога една вечер Панчо му се јавил.
Принтскрин/ Инстаграм, Бојан Јовановски
И како што и самиот вели, она што прво му го кажал Панчо е дека кога ќе излезе ќе направил концерт за загинатите пријатели.
„За нив, за нив сите, за името да трае, за нивните имиња’… му кажал Панчо на Перо кога му се јавил од болницата и го изненадил.
Инстаграм/ Панчо
Едноставно Панчо е таков. И побожен. Жално е што ова се случува на добри луѓе во Македонија“, вели Антиќ во шоуто на Боки 13.
Тој неколку пати истакна дека му посакува на својот пријател што поскоро да оздрави и дека одвај чека да излезе од болница.
„Му посакувам што побрзо да оздрави и да излезе, изјави Антиќ во подкастот кај Боки, откривајќи и дека неговиот пријател сега е во многу подобра состојба, барем според она што го знае.
Принтскрин/ Фејсбук
Последната заедничка објава на Андреј и Панчо
Владимир Блажев Панчо бендот ДНК го основаше заедно со својот голем пријател Андреј Ѓорѓиески кој за жал загина во пожарот.
Тие покрај тоа што беа успешни музичари, уште од почетокот беа познати и како големи хуманитарци и помогнаа на многумина.
Принтскрин/ Фејсбук
Впрочем и на профилот на ДНК се уште стои и нивната последна објава во која тие повикуваат да му се помогне на едно лице.
Тие само неколку дена пред кобната вечер беа во своја хуманитарна мисија, сакајќи да му помогнат на едно момче од Ѓорче Петров.
Оваа објава се уште стои на социјалните мрежи, а повеќе за тоа какви другари беа Андреј и Панчо, прочитајте тука.
Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи на 16 март во Кочани згаснаа животите на 62 лица, а повеќе од 190 беа повредени.
Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј го основаа бендот, ја преживеа несреќата, но се уште е на лекување во болница, заради тешките изгореници што ги здоби.
Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која е на домашно лекување, како и гитаристот Горан Танев, кој неодамна прв пат по несреќата се огласи на социјалните мрежи.
Повеќе за ова прочитајте тука..