Оваа наша млада пејачка грми како изгледа, а со новиот проект поставува стандарди на нашата сцена
Оваа наша згодна пејачка со своте нови снимки може да им парира и на светските ѕвезди

Новиот спот ќе ги остави сите без здив
Нашата млада музичка ѕвезда, Тијана Периќ (23), на Инстаграм сподели неколку сцени од новиот спот што наскоро треба да излезе.
Од она што досега можевме да го видиме и слушнеме станува збор за песна која освојува на прво слушање, а кадрите се фасцинантни.
Во тизерот што беше споделен на Инстаграм, Тијана мами воздишки со својот изглед, па ако судиме според она што таа го сподели со фановите, нејзината нова песна ќе биде вистинско лудило.
Инстаграм/ Тијана Периќ
Она што секако привлече големо внимание кај фановите беше провокативниот изглед на Тијана во овие неколку сцени што испливаа на социјалните мрежи, па многумина веќе со нетрпение очекуваат да ја видат и слушнат во ова нејзино издание.
„Вечерва завршиме голема работа и направивме нешто маестрално што одвај чекам сите да го слушнете и видите“, напиша Тијана под една од овие провокативни објави на својот Инстаграм.
Инстаграм/ Тијана Периќ
Потсетуваме, Тијана која на својата нова песна работи веќе некое време зад себе веќе има неколку песни кои поминаа одлично.
Една од нив е песната „Невера“, како и макфестовската „Бумеранг“, по што следуваше и дуетот со Дарко Андонов и „Кога знам“.
Инстаграм/ Тијана Периќ
Таа е студентка на Факултетот за музичка уметност и музиката е нејзина голема љубов уште од најмали нозе.
Инстаграм/ Тијана Периќ
Од она што досега го има објавено на својот профил, повеќе од јасно е дека и новиот спот на Тијана ќе може да им парира на оние што ги гледаме на странските телевизии, а во продолжение слушнете го и нејзиниот постар хит „Невера“, кој исто така ја воодушеви публиката и се уште се „врти“ по нашите радиостаници.