Наши ѕвезди

Нејнеобичното запросување во Бутел – некогашната македонска Гранд ѕвезда го покажа прстенот

Пејачката го покажа прстенот, но и необичното запросување

Advertisement

Тоа дека мажите во Македонија знаат да бидат романтични покажува примерот и со ова запросување што се случи во Скопје. Имено, Гордан Трајков одлучи да ја запроси својата сакана на необичен начин, па ги собра пријателите моторџии, купи прстен и на својата понежна половина, која инаку е позната македонска пејачка, и приреди вистинско изненадување што таа ќе го памти за цел живот.

Ова беше како во филмовите…

Нашата пејачка го изговори судбоносното „ДА“ додека во позадината се слушаше силно брмчење на моторите

Advertisement

Благица Ѕунѕуровска во јавноста стана позната со учеството во популарните шоуа „Ѕвездите на Гранд“ н „Некои нови клинци“.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Таа сега сподели преубава вест на својот Инстаграм профил, па следуваа бројни честитки од пријателите и фановите.

Advertisement

Благица откри дека момчето ја запроси, па го покажа прстенот на раката, но и детали од необичното запросување.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Имено, пејачката беше изненадена од своето момче кога пристигна со моторот на местото каде беа собрани колегите моторџии на нејзиниот партнер. Запросувањето беше проследено со звуци н мотори, а Благица изненадена од она што се случи кажа „ДА“ на момчето.

Тие најпрво пристигнаа на мото-собирот во Бутел, каде беа дочекани со големи балони на кои пишуваше на англиски „Ожени се со мене“.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Момчето потоа клекна на колена пред Благица, а пејачката пред сите му кажа ДА и следуваше бакнеж, додека просторот беше исполнет со звуците од моторите и нивното турирање во чест на парот.

Многумина им посакаа многу здравје и среќа, а бројни снимки од настанот испливаа на социјалните мрежи.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжени:

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Инаку, и Благица како и нејзиното момче Гордан Трајков, е голем љубител на мотори, што може да се види и од нејзиниот профил и фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Потсетуваме, Благица стана позната по победата во „Некои нови клинци“, а потоа и со учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Но таа по завршувањето во „Ѕвездите на Гранд“ каде не постигна некој поголем успех, пред неколку години во емисија кај Стефан Лазаров зборуваше негативно за популарното музичко шоу.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Таа тогаш посочи дека на снимање била викната дури откако некоја кандидатка се откажала, па затоа што им фалело кандидати.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Благица тогаш го спомена и фамозниот договор што тогаш и бил понуден да го потпише, за да се врати во шоуто.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

И како што самата откри тогаш, наводно оние кандидати што ќе го потпишеле истиот договор во времетраење од девет години полесно поминувале, додека останатите можеле да продолжат, но без ветување дека ќе им помогнат во понатамошната кариера.

Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Благица ја памтиме и како симпатичното и скромното девојче што ги освои сите во „Некои нови клинци“, кога и победи во шоуто.

Како Благица изгледaше тогаш, потсетете се во продолжение:

Принтскрин/ Јутуб

Бонус видео

Необично запросување во Скопје

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button