Хороскоп

Неделен хороскоп од 23 до 29 јуни – нова љубов за Девиците, пари за Овните, Лавовите ќе бидат ѕвезди

Порака од ѕвездите за оваа недела - застани цврсто зад себе!

Advertisement

Оваа недела Меркур влегува во знакот Лав и ги поттикнува сите знаци да бидат похрабри во комуникацијата, да ги изразат своите ставови и да се борат за тоа што го заслужуваат.

Погледнете што ви носат ѕвездите оваа недела, од 23 до 29 јуни, според вашиот знак.

Advertisement

ОВЕН

Во љубовта се наоѓате во подем – ова е период кога можете да направите чекор напред, било да се обидете да освоите некого или повторно да изградите нешто со веќе познат партнер.

На работното место ве очекуваат добри можности, особено ако ги искористите вашите идеи во вистинскиот момент.

Ќе се чувствувате стабилно, иако одредена замореност ќе ви сигнализира дека е време за краток одмор. Најмногу среќа ќе имате во деновите околу викендот.

Advertisement

БИК

Оваа недела љубовта ви носи особена радост – вашата природна привлечност е засилена, а емоционалните врски стануваат посилни и посрдечни.

Работно, можно е да почувствувате мал застој околу 26 јуни, но нема место за загриженост – се работи за минливи околности.

Вашето здравје ќе биде во добра форма доколку му посветите доволно внимание и не се претерувате. Најсреќни денови: среда и четврток.

БЛИЗНАЦИ

Ова е недела на нови можности, но и на одредени предизвици во љубовниот живот. Бидете внимателни со зборовите и избегнувајте ветувања кои можеби нема да ги исполните.

Од четврток наваму, вашата комуникациска енергија ќе се засили – што ќе придонесе за нови контакти и идеи на професионален план.

Понеделник и вторник се денови кога ќе имате чувство дека среќата е на ваша страна. Не заборавајте на паузи и грижа за себе.

РАК

Оваа недела љубовта добива подлабоко значење – партнерот ќе ве гледа и прифаќа такви какви што сте.

Вашата интуиција ќе ви помогне во деловните одлуки, особено ако чекате разрешување на некоја важна ситуација.

Ќе бидете под среќна ѕвезда, особено во среда и четврток кога Месечината ќе ви биде наклонета. Сепак, потрудете се да најдете време само за себе и да не го носите товарот на туѓите проблеми.

ЛАВ

Ова е недела кога вие сте во центарот на вниманието! Меркур во вашиот знак ве охрабрува да зборувате отворено и да преземете иницијатива – особено на работното место, каде ќе заблескате со своите идеи.

Во љубовта, пак, можни се преувеличувања и емоционална нестабилност. Пред да направите важен потег, обидете се да ја видите целата слика.

Петок и сабота се денови полни со добри можности. Ќе имате доволно енергија за сè што ќе посакате.

ДЕВИЦА

Неделава ви носи стабилност и сигурност во љубовните односи – особено ако сте во сериозна врска. Ако сте слободни, постои можност за интересен нов познаник.

На работното поле се отвораат шанси, но ќе мора да излезете од вашата зона на удобност. Ќе чувствувате налет на енергија и решителност, но бидете внимателни да не се префорсирате.

Неделата завршува со многу позитивна енергија и малку повеќе среќа.

ВАГА

Периодов донесува подобрување во односите – ќе имате повеќе разбирање со партнерот, а оние што се сè уште слободни може да очекуваат нова симпатија.

На работа, конечно оживуваат некои проекти што одамна сте ги запоставиле.

Здравствено ќе се чувствувате добро, иако телото ви сигнализира потреба за повеќе движење. Среда и четврток можат да донесат мали предизвици во однос на среќата – бидете внимателни.

ШКОРПИЈА

Во љубовта може да се најдете во предизвикувачки ситуации – привлечноста ве води кон луѓе кои не се секогаш добар избор.

Работата може да донесе одредени несогласувања или избрзани потези – добро размислете пред да преземете чекори.

Среќата ќе биде поизразена во првата половина од неделата. Стресот на работа и дома може да се одрази на здравјето – потребен ви е емоционален баланс.

СТРЕЛЕЦ

Љубовниот живот моментално не ви бара дефиниции – повеќе сте насочени кон уживање во моментот. И тоа може да донесе убави изненадувања.

На работното место чувствувате потреба за промена – и некои настани во втората половина од неделата ќе го поттикнат тоа чувство. И покрај внатрешната сила, телото ве предупредува да го забавите темпото.

Во првите денови од неделата, среќата ќе биде резервирана за други.

ЈАРЕЦ

Оваа недела носи разјаснување на важни прашања – конечно ќе можете да поставите граници и да донесете одлуки што ќе ви отворат нови патишта. Во љубовта ќе почувствувате поддршка од партнерот – ако бидете искрени, ќе добиете разбирање.

Здравствено ќе се чувствувате стабилно и во хармонија. Среда и четврток не се најсреќни денови – не преземајте ризици тогаш.

ВОДОЛИЈА

Љубовниот живот може да претрпи мали турбуленции – вашата независност и оригиналност можат да ве оддалечат од партнерот ако не внимавате на неговите потреби.

На работа, од петок натаму, ќе почувствувате компликации во комуникацијата со претпоставените и колегите.

Физички ќе бидете во добра состојба, но менталниот замор може да се натрупа. Викендот не ви носи многу среќа – бидете внимателни во одлуките.

РИБИ

Љубовта е во центарот на вашето внимание – сакате повеќе емоции, зборови, уверување… Не плашете се да побарате што ви е потребно.

На работа ќе блеснете со креативност, а тоа ќе ве приближи до луѓето околу вас. Здравјето не е на завидно ниво – време е да му посветите поголемо внимание на телото и сигналите што ви ги испраќа.

Среда и четврток се денови во кои ќе се чувствувате посреќно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button