Вака се влегува во финале: Нашиот Никола направи џумбус на Ѕвездите на Гранд – со овој потег го крена жирито на нозе

Македонија се радува, нашиот натпреварувач на најголемолто балканско шоу. Никола Станишиќ ќе го гледаме во финалето на Ѕвездите на Гранд.
25-годишниот Никола од Скопје покажа како се влегува во финале. Тој за полуфиналната вечер одлучи да се претстави со две македонски народни песни.
Со баладата „Распукај срце ко Шарпланина“ им ги разнежни срцата на сите во студиото и пред малите екрани.

Но шоуто настана со втората песна „Ај, да ојме Јано“. Никола за овој настап беше во придружба со двајца тапанари, за на крајот од песната да се качи и да пее на тапаните.

Ова ја расположи публиката, но на огромно изнаенадување и жирито се крена на нозе, Никола направи вистинско шоу.

Тој е во тимот на Цеца која што не ја крие големата гордост за успехот на својот натпреварувач.
View this post on Instagram
Никола со шест гласа оди во директен пласман за последната финална вечер идната сабота.
Инаку, Марија Шерифовиќ и покрај тоа што со алал го даде гласот за нашиот натпреварувач имаше замерка дека единствено тој бил со придружба на сцената и дека нејзе тоа и било забрането. Се налути дека кога таа побарала клавир за нејзиниот натпреварувач продукцијата ја одбила. И рекле дека само за финалето се дозволени некакови украси и нешто големо.
Како и да е Никола ја вжешти атмосферата, а жирито не престана да игра.

Горан Шљивовиќ на ова образложи дека Никола од Скопје дошол со двајцата музичари и не било фер поминале толкав пат и да ги одбијат да застанат на сцената.
Погледнете го вчерашниот настап на Никола од 2:20:27 минута.