Наши ѕвезди

Наум и Зуица никогаш посреќни – споделија преубава вест, пристигнуваат честитки од сите страни (видео)

Ова беше посебен ден за познатиот естраден пар

Advertisement

Пејачот горд на својата наследничка

Нашиот познат фолк-пејач Наум Петрески сподели снимка од дипломскиот настап на неговата ќерка Македонка.

Advertisement

Имено, Македонка е студентка на Музичката академија, па со дипломски концерт го одбрани дипломскиот труд.

Принтскрин/ Јутуб

И таа сподели неколку снимки и фотографии од настанот, а едно видео сподели и нејзиниот татко Наум на својот Фејсбук.

Advertisement

Гордост напиша Наум под видеото, а и неговата сопруга, Зуица Лазова, сподели неколку фотки од еден настап на Македонка,

„Доне мамино“, напиша таа.

Повеќе детали од дипломскиот концерт на наследничката на познатиот пар погледнете во продолжение.

Инстаграм/ Дона Петреска

Потсетуваме, Наум и Зуица веќе долги години се во брак, а покрај Македонка го имаат и синот Стефан.

Инстаграм/ Дона Петреска

Македонка со дипломирањето и официјално стана оперска пејачката, а и нејзиниот брат учи музичко училиште.

Инстаграм/ Дона Петреска

Македонка минатата година ова време славеше апсолвентска, а Зуица во една пригода за Гламур откри дека и синот тргнал по нивните стапки.

Инстаграм/ Дона Петреска

„Македонка е апсолвент на ФМУ по соло пеење и тука е насочена, дури сега покажува желба да снима, но поп музика. Додека Стефан иако е прва година на фолклорниот оддел, веќе крои планови како ќе станел пеач“, сподели тогаш Зуица со нашите читатели.

Целото интервју со Зуица прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button