Нашата омилена спортистка во костим за капење – по освоениот медал, вака ги полни батериите (фото)
Беше прогласена за спортистка на годината за 2024

Милијана Рељиќ, нашата најдобра спортистка за 2024 година, ги изненади сите со едни од своите последни објави.
Имено, оваа наша прекрасна спортска дама која беше големо изненадување на Олимписките игри во Париз, и тоа не само за нас во Македонија, овој пат сподели неколку провокативни фотографии на социјалните мрежи со кои ги воодушеви сите.
Таа редовно споделува снимки и фотографии од своите борби и напорните тренинзи, но и од своето секојдневие.
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
Па така Милијана деновиве ги израдува своите бројни следбеници со фотки на кои е во црвен костим за капење.
Таа позираше во близина на плажата, а во фокусот беше нејзиното згодно спортско тело со кое сите ги воодушеви.
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
Потсетуваме, оваа наша теквондо натпреварувачка беше големо изненадување на Олимписките игри во Париз.
Таа тогаш иако не успеа да освои медал, беше сензација особено по неверојатната победа на големата британската и светската теквондо ѕвезда, Џејд Џонс, која има освоено 36 медали од кои 19 златни.
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
Милијана тогаш не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, но како што самата изјави кога и беше доделена наградата за спортистка на годината во Македонија за 2024, иако не успеа да стигне до медал, покажале дека нашите спортисти можат да се носат со најдобрите, па дури и да ги победат оние кои им биле идоли и кои се повеќекратни светски шампиони.
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
Милијана и неодамна, на Меѓународниот таеквондо турнир во „Шведска опен“ освои сребрен медал, со што повторно се приближи до пласман на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
Милијана и тогаш се огласи на својот Инстаграм, а под фотографиите што ги објави го напиша следниот коментар:
Инстаграм/ Милијана Рељиќ
„Сребрен викенд во Шведска по пет борби. Овие моменти немаше да бидат возможни без мојот тренер и семејството“.