Хороскоп

Летната краткоденица доаѓа задутре – што треба да направите до 21 јуни за да избегнете кризи и несреќи во втората половина од годината

Од древни времиња, овој период се користел за поставување на приоритети, исполнување желби и започнување на важни нешта.

Advertisement

Ноќта меѓу 20 и 21 јуни 2025 година не очекува едно од најмоќните астрономски и енергетски настани на годината — летната краткоденица. Денот кога светлината ја победува темнината, а Сонцето ја достигнува својата максимална сила, и ова не е само симболичен момент, туку вистинска енергетска пресвртница.

Од древни времиња, овој период се користел за поставување на приоритети, исполнување желби и започнување на важни нешта.

Advertisement

Но краткоденицата не е магично стапче — нема да ги реши проблемите наместо вас. Сепак, ако сте искрени, свесни и отворени, оваа енергија ќе ви даде сила да ја поминете втората половина од годината со успех и достоинство, со стабилност и во светлина.

Еве што треба да направите.

Облечете се во „сончеви“ бои до 21 јуни (а секако, можете и потоа)

Изберете облека во жолта, портокалова, црвена или розова нијанса. Така ќе се усогласите со енергијата на Сонцето.

Advertisement

Додадете накит во златна нијанса или со камчиња како гранат, рубин, цитрин или килибар. Ако не сте во врска, се верува дека розовиот кварц е идеален за привлекување љубов.

Исчистете го просторот – надворешно и внатрешно

Летната краткоденица е кулминација – од тој момент енергијата започнува да опаѓа. За да не ве повлече надолу со нерешени емоции и ментален „отпад“, направете генерално чистење дома. Фрлете предмети што ве влечат во минатото, затворете конфликти, простете навреди – особено во семејството. Замислете како сончев пламен ги согорува сите стари тежини.

Запишете намери, а не само желби

Наместо да запишете „сакам пари“, напишете: „ја отворам вратата за нови извори на приходи, дејствувајќи со љубов и самодоверба.“

Така се поставува вистинска енергија во акција. Напишете ги намерите на изгрејсонце на 21 јуни или при зајдисонце на 20-ти. Можете да ја чувате хартијата или симболично да ја изгорите – како порака до универзумот.

„Поминете“ низ оган и низ вода

Факелот на денот е огнот. Запалете свеќа, кажете што сакате да оставите зад себе. Немојте да правите ритуали за одмазда или манипулации – оваа енергија се враќа. За ритуали со вода, наполнете бања и медитирајте. Ако имате можност – запалете логорски оган или искапете се во река.

Излезете на сонце – колку што можете повеќе

На 21 јуни Сонцето влегува во Рак – фокус на домот, семејството и корените. Излезете рано, одете боси по трева за да се „заземите“, и впијте го светлото на Сонцето преку лицето и дланките. Тоа е енергија која ќе ве штити целата година.

Затворете го недовршеното

Сè што не сте го завршиле – ќе се врати во втората половина од 2025 и пак ќе ве измачува. Затоа до 21 јуни: платете ги долговите, одговорете на пораките, и направете го чекорот што долго го одложувате – дури и ако е мал, тој носи голем импулс.

Што не треба да правите

Не внесувајте темна енергија дома – избегнувајте кавги, оговарања и негативни мисли. Изберете светлина, ведрина и чиста мисла и намера.

Кратка чек-листа за пред 21 јуни:

генерално чистење на домот

облека во сончеви нијанси

напишани јасни и силни намери/цели

огнен ритуал (запалете свеќа) и воден ритуал (бања, медитација)

Поканете блиски луѓе и прославете го денот со свежо овошје, билни чаеви, мед и плодови од природата. Наполнете се со сончева енергија за среќна, здрава и осмислена втора половина од 2025 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button