Наши ѕвезди

Велат не нема, а погледнете, не има насекаде – прекрасна македонска свадба во Албанија, ќе се воодушевите

Невестата преубава и распеана, младоженецот го вее знамето со Сонцето од Кутлеш

Advertisement

Нашиот познат фолк-пејач сподели преубаво видео

Познатиот фолк-пејач Влатко Миладиноски на својот профил на социјалните мрежи сподели преубаво видео.

Advertisement

Станува збор за една македонска свадба во Корча, Албанија, а како гостите играат оро на убавите македонски песни, погледнете во продолжение, на крајот од овој текст.

Фото: Гламур

Потсетуваме, Влатко пред само неколку дена одржа концерт за паметење во Скопје за кој се уште се зборува.

Advertisement

На концертот беа присутни многу наши познати фолк-ѕвезди како Анета Љумаковска, Благија Грујовски, Стојне Николова и многу други, а интересен беше моментот и кога Влатко на сцената ја изведе неговата позната песна „Велат не нема“, заедно со екипата на Јанко Колумбиецот со што ги воодушевија сите присутни.

Повеќе за ова прочитајте тука.

„Овој викенд го заокруживме со прекрасна македонска свадба во Албанија. Велат не нема а не има насекаде“, напиша Влатко под видеото што го сподели на својот профил на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button