Наши ѕвезди

Испливаа детали од приватниот живот на Каролина – ова ги изненади сите, сопругот главна тема (видео)

Никогаш нема да погодите колкава е разликата во годините помеѓу Каролина и нејзиниот сакан

Advertisement

Пејачката ужива во бракот со својот сопруг

Каролина Гочева (45) веќе со години важи за една од најубавите наши пејачки, а поприлично е позната и на целиот Балкан.

Advertisement

Таа и денес плени со својот шарм, а често знае да привлече внимание и со своите објави на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Јутуб, К1

Но покрај своите обврски, Каролина секогаш знае да одвои време и за своите најблиски, а неодамна се врати од патување во Прага, каде беше заедно со внуките со кои помина незаборавни моменти.

Advertisement

По ова патување пејачката претходниот викенд одржа хуманитарен концерт во Германија за настраданите во Кочани, а фотографија од овој настан сподели Владо Јаневски кој беше почесен гостин.

Инстаграм/ Владо Јаневски

И оваа фотографија веднаш привлече внимание, а Каролина под секое свое вакво издание добива бројни комплименти.

Неколку дена претходно таа гостуваше во една емисија во Белград, каде доби бројни пофалби за својот последен спот.

Пејачката во емисијата зборуваше и за својот партнер, а изненади многумина и со тоа што откри дека е постара од него.

Имено, Каролина веќе осум години е во среќен брак со сликарот Михаил Корубин, а заедно се речиси цела деценија.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Таа тогаш откри дека нејзиниот партнер од неа е помлад шест години, но и дека разликата во годините воопшто не им пречи.

„Во Холивуд сите се со помлади мажи и тоа е светски тренд. Секогаш сакам да ги следам светските трендови“, изјави во шега Каролина.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Пејачката потоа пред камерите зборуваше и за нејзиното пријателство со Тоше Проески, а доби голем број комплименти на социјалните мрежи и за модната комбинација што ја носеше во оваа пригода.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина носеше шик тексас здолниште и црвена кошула со необичен крој, а целото издание гo заокружи со црвени штикли.

Михаил ја запроси својата сакана во мај 2017, неколку дена по роденденот на пејачката

Станува збор за креации со потписот на македонската модна креаторка Јована Филиповиќ, додека стајлингот беше на Јована Зука.

Како Каролина изгледаше тогаш и зошто ова издание на пејачката привлече големо внимание, погледнете во продолжение.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Потсетуваме, Каролина е во брак со Михаил Корубин од 23 септември 2017 година, а се венчаа во еден од воените хангари на аеродромот Стенковец. Неколку месеци претходно тие се свршија во Париз, во мај 2017, а веднаш по свадбата заминаа на свадбено патување во Торонто, Канада.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Како изгледаше Каролина на денот на својата свадба кога му се заколна на вечна љубов на својот сакан, потсетете се тука.

Михаил е син на дизајнерката Лиле Корубин и на уметникот Рубенс.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button