Наши ѕвезди

Борче Наумовски – Министерот на викенд турнеја кај нашинците во Шведска – ѕвезда која не запира

Овој викенд неговата дестинација беше Скандинавија, поточно Шведска, каде одржа неколку настапи специјално наменети за нашите иселеници.

Advertisement

Сцената е неговиот елемент, публиката – неговото гориво, а секој негов настап – вистинска музичка прослава.

По спектакуларната турнеја низ Австралија, каде македонската дијаспора со недели зборуваше за неговите енергични настапи и искрена емоција на сцената, Борче Наумовски – познат како Министерот продолжува со својата мисија да ја разнесе македонската музика насекаде низ светот.

Advertisement

Овој викенд неговата дестинација беше Скандинавија, поточно Шведска, каде одржа неколку настапи специјално наменети за нашите иселеници.

Приватна архива

„После Австралија, ми требаше краток одмор, но веднаш стигнаа покани од Шведска, каде што веќе неколку пати сум настапувал и секогаш сум бил пречекан со големо срце. Таму се чувствувам како дома“, вели Министерот, кој веќе подолго време важи за еден од најангажираните македонски артисти во дијаспората.

Advertisement

Со глас што не се заборава, харизма што плени и репертоар што ги спојува генерациите, Борче не е само изведувач – тој е емоција, атмосфера и за многумина симбол на дома, особено за оние што живеат далеку од Македонија. На концертите во Шведска понуди мешавина од неговите авторски песни, добро познати македонски евергрини, но и современи хитови во негов препознатлив стил.

Приватна архива

Публиката секогаш со нетрпение го очекува, а интересот е толку голем што веќе се разгледуваат и дополнителни настапи. Тоа само го потврдува фактот дека Борче Наумовски е еден од ретките артисти што успеваат да изградат мост помеѓу татковината и дијаспората.

Сцената е неговиот елемент, публиката – неговото гориво, а секој негов настап – вистинска музичка прослава. И затоа, каде и да се појави, Министерот секогаш носи нешто повеќе од музика – носи чувство на припадност, љубов и гордост што сме Македонци.

Секаде каде што чекори македонската душа, нека се слуша и македонската песна. Тој е Амбасадор на нашата култура, каде не’ претставува со емоција, гордост и љубов – од Богданци до Њујорк, од Скопје до Сиднеј. Македонската песна живее преку неговиот глас, таму каде што сме ние – таму е и таа.

Следете го патот на Борче Наумовски и очекувајте нови изненадувања. Министерот е на сцена – и нема намера да застане!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button