Ќерката на Миле Паника прв пат во јавноста! „Исплива“ фотографија што ја изненади цела Македонија
Сопругата на Бранко Огњановски ги воодушеви сите со фотографијата што ја објави

Една фотографија, милион емоции
Бранко Огњановски позна по култниот лик Миле Паника овие денови имаше посебна причина за славење.
Имено, тој пред само неколку дена го прослави својот роденден, а неговата сопруга Анита Огњановска тогаш јавно му го честиташе.
Инстаграм/ Миле Паника
Оваа објава на Анита тогаш привлече големо внимание на социјалните мрежи, посебно што таа сподели неколку нивни заеднички стари фотографии, па можевме да видиме како изгледале и на свадбата (повеќе за ова прочитајте тука).
Но и покрај тоа што овој пар често е присутен на социјалните мрежи – Бранко со својот лик Миле Паника и неговите интересни снимки што речиси секојдневно ги споделува, а Анита на Инстаграм со своите ремек-дела – за нивниот приватен живот всушност многу малку се знае, што дополнително ја интригира јавноста.
Инстаграм/ Анита Огњановска
И токму затоа една од последните објави на Анита на нејзиниот Инстаграм предизвика големо изненадување кај сите.
Таа сподели фотографија од една забава на која е со ќерката, а она што сите го забележаа е дека тие двете многу личат.
Инстаграм/ Анита Огњановска
„Бескрајна љубов“ напиша Анита, а нејзината наследничка ги воодушеви сите со својата природна убавина, како и нејзината мајка.
Инстаграм/ Миле Паника
Ретка слика со ретки луѓе
Потсетуваме, сопругата на Бранко Огњановски, Анита Огњановска е познат ликовен уметник од нашата земја.
Покрај самостојните изложби во Македонија, Хрватска и Данска, нејзините дела биле дел од групни изложби во Шпанија, Италија, Косово, Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Франција, Данска и Австралија.
Инстаграм/ Анита Огњановска
Таа активно учествува на уметнички симпозиуми и колонии низ светот, што секако придонесува за збогатување на нејзината уметничка визија. Учеството на значајни настани, како „Salon d’Automne“ и „Salon de Beaux arts“ во Париз како и изложбите „Kunst for alle“ во Копенхаген и Архус само ја потврдуваат нејзината растечка препознатливост во светот на современата уметност.
Инстаграм/ Анита Огњановска
Нејзините дела се застапени во галерии во Данска, Грција и Австралија и се дел од приватни колекции ширум светот.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Анита Огњановска
Инстаграм/ Анита Огњановска
Инстаграм/ Анита Огњановска
View this post on Instagram