Погледнете го новиот „ѕвер“ во дворот на Спасен – вреди илјадници евра, пејачот изигра оро покрај него
Еве како Спасен се снимаше неодамна

Познатиот пејач се фотографираше покрај луксузен автомобил
Откако неодамна во Австралија ги изненади сите си снимка на кој се гледа како вози црвено Ферари, пејачот повторно во слично издание.
Но овој пат во прашање не е толку опасна „ѕверка“, иако и овој автомобил важи за луксузен и многумина би сакале да го имаат.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено, познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски како и многу други мажи, е голем љубител на скапи и убави автомобили.
Тој неодамна се фотографираше покрај бело БМВ, а со оваа своја објава покрена голем број коментари на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Спасен со насмевка се шушкаше околу автомобилот, а многумина му честитаа за новата машина и му порачаа дека одлично му одговара.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен и покрај тоа што е еден од најбараните и најпознатите фолк пејачи во нашата земја, тој приватно е сосема присебен и нормален човек, кој ужива во семејниот живот со сопругата и нивните две деца, Мила и Арсениј.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
И како што самиот откри во една пригода за Гламур, тој самиот не само што не се чувствува како екстра популарен, туку и не сака да го нарекуваат ѕвезда, бидејќи, според него, во Македонија нема простор некој да се прави дека е тоа.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој треба да остане присебен и достоен изведувач“, изјави Спасен во една пригода за Гламур магазин.
На целото интервју со Спасен потсетете се тука…