Исплива нова снимка со Влатко и Анета што многумина изненади – ова е најдоброто од Македонија
Неочекуван гест – Влатко сред настап и го даде микрофонот на колешката, па задно ги воодушевија сите

Ова беше вечер што не се заборава…
Влатко Миладиноски одржа концерт во Национална опера и балет на кој беа присутни бројни наши фолк-ѕвезди.
Една од нив е и Анета Љумаковска, која во еден момент дојде до сцената и запеа заедно со својот колега.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Овој посебен момент ги воодушеви сите, а истиот со својот мобилен го сними и македонската „Гранд ѕвезда“ Никола Станишиќ.
Публиката реагираше сјајно, а овој зеднички нстап на Влатко и Анета само дополнително ја подгреа атмосферата во салата.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Привлече внимание и со изгледот
Анета по концертот се огласи и со емотивна порака му го честиташе успешниот концерт на Влатко (види тука).
Таа не го криеше воодушевувањето од настанот, а многумина ги изненади и со својот интересен стајлинг за оваа пригода.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, познатата пејачка мамеше погледи во малку необично, но крајно модерно издание.
Инстаграм/ Анита Даева
Станува збор за фустан од тексас со должина до под колена, со долги ракави и со дизајн како да носи кошула од овој материјал.
Анета со ова издание покажа дека и тексас фустаните можат да изгледаат мошне елегантно и софистицирано, но и дека лесно, во комбинација со вистинските модни додатоци, може да се прилагоди и да биде полн погодок како за дневни, така и за вечерни изданија.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Посебно што ваквите фустани можат да бидат и поприлично евтини, а во нив да изгледате фантастично.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Токму од овие причини многу модни професионалци ги препорачуваат како совршен пример за сите оние што сакаат да го копираат луксузниот стил од црвениот килим во секојдневниот живот и по потреба да заблескаат во својот полн сјај.