Нашата позната водителка и по три бремености изгледа неверојатно – со ова издание ги изненади сите
Живкица, според многумина, и денес изгледа речиси исто како и на почетокот од својата кариера

Оваа комбинација на Живкица е совршена за секоја прилика
Нашата позната водителка, Живкица Каланикова, кога е пред камерите најчесто ја гледаме во елегантни креации и високи потпетици, додека нејзиниот приватен стил е далеку полежерен.
Но овој пат Живкица на снимањето на една емисија се појави во издание кое е совршен избор како за дневни, така и за вечерни изданија, посебно за деловни дами кои сакаат да изгледаат шик.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, Живкица носеше комплет во бела боја кои се совршен избор за секоја жена што сака да остави добар стилски впечаток.
Таа носеше бели панталони и сако, така што комбинацијата е одличен избор за најразлични пригоди.
Принтскрин/ Јутуб
Сепак, додека вакво издание носете во дневни пригоди и сакате да оставите лежерен впечаток, како и да покажеше дека сте се облекле модерно и во чекор со најновите трендови, без шритоа премногу да се трудите, изборот на обувки е пресуден.
Имено, овие панталони и сако може да ги носите и со патики, па на целото издание да му додадете и модерен вајб.
Принтскрин/ Јутуб
Нашата водителка ги носеше во комбинација со елегантна блуска и беж виски потпетици, а целото издание го зачини со преубава шминка, големи обетки и коса врзана во високо опавче.
Принтскрин/ Јутуб
Како таа изгледаше и зошто за оваа мајка на три деца многумина велат дека изгледа подобро од кога било досега, може да погледнете и во најновата емисија на Живкица продолжение.
Потсетуваме, овие денови излезе првата епизода од новата втора сезона на долгоочекуваниот dm подкаст „Женски ритам“ со водителката Живкица Каленикова. Во првата епизода „Кога телото зборува, јас слушам“, нејзини гости беа Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на јога студиото Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца, како и Даниел Трбогазов, дипломиран професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“. Повеќе за овој подкаст на dm прочитајте тука.