Ќе биде весело во раскошниот дом на Вики Чадиковска – водителката пресреќна, објави преубава вест
Еве што прави Вики денес во својот двор

Познатата новинарка и водителка откри како го прослави роденденот
Нашата позната новинарка и водителка Вики Чадиковска денес го слави својот 52 роденден, па покажа камо и минува денот.
На социјалните мрежи сподели неколку фотографии и откри дека секој свој роденден прави вкусна Павлова торта, која очигледно за неа преставува традиција во која ужива додека си ги разгалува непцата.
Фејсбук/ Вики Чадиковска
Вики откри и како го уредила дворот но и дека се чувствува одлично, додека на масата имаше прибор за двајца, две чаши и шампањско.
Потсетуваме, Вики веќе со години е во брак со новинарот и водителот Младен Чадиковски и важат за еден од најскладните парови.
Фејсбук/ Вики Чадиковска
Моментално е актуелна со нејзиниот проект ТВ магазинот „Приказна“, а во медиумите ја гледаме веќе со децении.
Фејсбук/ Вики Чадиковска
Таа е поприлично актуелна и на социјалните мрежи, а често споделува фотки направени токму на ова место во нејзиниот дом.
Фејсбук/ Вики Чадиковска
И како што многу пати истакнала, станува збор за нејзината цветна оаза каде си ги полни батериите, но и е најубаво кога и е дома.
Посебно кога е со нејзините најблиски, за што впрочем сведочат и следниве нејзини фотографии…