Дожд е ова или камења?! Скопјанец ни покажа што му се случило во невремето

Во попладневните часови вчера делови од Скопје беа погодени од силно невреме проследено со грмотевици, обилен дожд и интензино паѓање на град.
Еден скопјанец кој сакаше да остане анонимен ни раскажа каде го фатило невремето и ни прати видеа и фотографии.
– Јас бев со децата во кола, седум годишна ќерка и три годишен син. Се движевме накај Тафталиџе кога одеднаш почна да врне силно и да слушаме врз автомобилот како некој да не гаѓа со камења од сите страни. Децата се исплашија многу. Невозможно бреше човек да се движи и да вози, топчињата град паѓаа во милисекунда без престан. Дополнително џиновски капки од дожд. Се засолнивме под едно дрво, тоа беше најпаметната идеја во тој момент. Подоцна забележавме дека многу луже околу нас го прават истото. – вели тој.

Потоа додава дека тоа биле десетина минути кои нему му се чинеле како 10 дена. Ги смирувал децата, синчето почнало да плаче.
Еве како изгледало се:
Во невремето биле пријавени неколку штети во ЦУК како заглавени автомобили, поплавени улици, паднати дрвја.
Покрај во Скопје невреме вчера имаше и во Дојран, велешко, штипско, делчевскиот регион…