Нега и здравјеПатувања

Бања близу до Македонија за која пишува и Тајмс – лекување по рецепт на кралевите за „сиромашна“ цена!

Недалеку од градот Казанлак, меѓу питомите падини на Стара Планина, се наоѓа бањата што дури и светски познатите медиуми ја нарекуваат „бисерот на медицинскиот велнес“.

Advertisement

Во март 2025 година, британскиот весник The Times ја истакна бањата Kings’ Valley Medical & Spa Hotel, односно Казанлашки минерални бањи (Казанлак, Бугарија) како идеална дестинација за спа и културен туризам.

принтскрин инстаграм

Сместена во селото Овоштник, на само 6 километри од Казанлак и приближно 400 км од Скопје (околу 5-6 часа возење), оваа бања нуди уникатна комбинација на луксузни третмани, историја и неверојатна природна убавина.

Advertisement

Kings’ Valley Medical & Spa Hotel не е само хотел – тоа е концепт, место каде водата е лековита за бројни телесни и психички состојби, а секој агол ја раскажува историјата на старите Тракијци кои ги почитувале топлите минерални извори како божји дар.

принтскрин инстаграм

Специјализирани списанија за туризам ја нагласуваат улогата на хотелот во ревитализацијата на регионот. Ова е место каде што новото – луксузната архитектура, модерната медицина и меѓународниот стандарден велнес – хармонично се спојува со старото: тракиските остатоци, розовите градини и народната легенда дека во оваа долина некогаш се криел златниот воз на еден тракиски крал.

принтксрин јутјуб

Минералната вода што извира на длабочина од 1.400 метри има температура од 57°C и е природно чиста, без хлорирање, со уникатна комбинација на флуор, хидрокарбонати и сулфати.

Advertisement

Научните анализи, објавени во медицински списанија, потврдуваат дека таа има антивоспалително, невропротективно и ревитализирачко дејство. Овде доаѓаат луѓе кои се рехабилитираат по операција, но и оние што се борат со хроничен стрес или горнореспираторни болести, како и луѓе со проблеми со зглобовите и болки во рбетот.

принтксрин јутјуб

Спа центарот од 4,000 м² нуди 6 минерални базени (внатрешни и надворешни), хидромасажни кади, финска, инфрацрвена и билна сауна, ориентален хамам, парна бања и ледена соба, релакс зони инспирирани од земја и оган.

Во интимниот дел на спа-центарот, опкружен со светлина, смирувачка музика и арома од бугарска роза, терапевтките користат методи инспирирани од јапонската школа за природна козметика – со свежи екстракти од лаванда, босилек и етерично масло од дамасценска роза.

Секој третман трае долго, внимателно и без брзање, како што и треба да биде кога телото повторно учи да дише.

Здравје и во чинијата

Гастрономијата е уште едно клучно доживување тука. Ресторанот „Тракија“ не служи само храна, туку и здравје во чинија.

принтксрин јутјуб

Локалните производи – овчо сирење од Шипка, мед од Тунџа, органски домати и пиперки – се подготвуваат според рецепти инспирирани од древната тракиска кујна, но со модерен пресврт.

принтксрин јутјуб

Ќе уживате во специфичната и превкусна салата со ориз и вода од роза, пилешко маринирано во лаванда или десерт со планински чај и мед од роза.

Утринско будење со поглед на вечноста

Гостите што редовно се враќаат велат дека утринските прошетки низ полињата преполни со рози, кои во јуни мирисаат поинтензивно од парфем, се терапија за душата. Локалниот народ со гордост ќе ви каже дека „воздухот сам лекува“. И има нешто во тоа: иако не можете да го измерите со апарат, спокојот што ве обзема кога ќе погледнете кон ридовите е вистински лек.

принтксрин јутјуб

Кралска традиција по достапна цена

Името на хотелот – Kings’ Valley – не е случајно. Историски, оваа долина била резиденција на тракиските кралеви. Дел од третманите што се нудат во спа-центарот се инспирирани од нивните ритуали: масажа со топли камења и розова кал, бањи со арома и боја на злато и на вино, и антички ритуали за прочистување на телото и крепење на духот. Сѐ е во духот на спојување на античката мудрост со современата наука.

принтксрин јутјуб

Регионот е богат и со културно наследство – може да ги посетите Тракиските гробници, Казанлашката гробница со фрески стари 2,400 години, Музејот на розата и Историскиот музеј Искра со ретка колекција на златни тракиски артефакти, како и уметничката галерија Казанлак со дела од бугарски и европски познати уметници.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button