Интервју
COVER STORY

Нашата позната инфлуесерка најави убава вест, многумина ќе се изненадат

За што точно станува збор прочитајте ексклузивно во краткиот разговор за Гламур

Advertisement

Агнеса деновиве најави своја емисија  која ќе биде спонтана и приридна а ќе има гости од разни профили.  Направивме краток разговор за да дознаеме нешто повеќе за ова со нашата позната инфлуенсерка Агнеса Органџиева. Еве што ни откри оваа наша прекрасна дама:

Приватна архива

Прашање: Агнеса денeс започнуваш со  своја емисија, како се појави оваа идеја?

Да точно, најавата е веќе објавена на сите мои социјални мрежи и на А1он.mk. Се вика “ONE WAY “ Agnesa show и прв мој гостин е Борко Ристовски. Тимот е доста професионален. Емисијата е покриена од А1on која што ќе се емитува на YouTube каналот на A1one.mk кој е веќе разработен и со исклучителна гледаност, и сите нивни други портали.

Advertisement

Идејата се појави сосема случајно, од А1он ја исконтактира мојата пријателка, а таа само ме праша: Дали си за народот да те види во друго светло? Веднаш одговорив „да“.

Прашање: За што конкретно ќе биде емисијата, каков тип на емисија ќе биде?

Емисијата ќе биде доста интересна за гледачите бидејќи сакаме да биде се спонтано и природно. Ќе има различни профили, од економија, бизнис, спорт, музика итн. Целта е да презентираме позитивни приказни, приказни за успех, приказни за креативни и успешни луѓе, емисијата нема да критикува никого, ниту ќе исмева, ниту ќе возвраќа на критики. Се ќе биде 100% позитивно.

Прашање: Колку инфлуесерството беше пресудно да се одлучиш за ваков чекор и колку тоа ќе помогне да биде гледана емисијата според тебе?

Инфлуесерството може да ми донесе уште поголема гледаност, и овој пат преку моите емисии сакам да понудам поинаков правец-конечно да се изразам во поинакво светло.

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Што според тебе треба да поседува некој кој што треба да се занимава со ваква работа?

Пред се јасна цел и идеја -што сака да се постигне со емисијата. Ако е само за само промоција, тогаш можев да продолжам само со инфлуенсерството. Сакам да постигнеме позитивната мисла да биде поприсутна од негативната како што е сега, сакам подобра средина за сите, повеќе љубов, помалку омраза и осудувања, повеќе разбирање за сите околу нас. Не сме сите создадени да бидеме јавни личности, да бидеме убави или богати, не ни можеме, ама секој од нас може да направи по некое добро на свој начин.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button