Во куќата на Јордан Митев вака весело не било никогаш – детскиот џагор целосно му го промени животот
Пејачот е пресреќен откако ги дозна убавите вести, а тоа може да се забележи и по песните што ги споделува на социјалните мрежи во последно време

Повеќе од очигледно е дека му е убаво на душичката
Пејачот Јордан Митев во октомври 2023 година му се случи една од најубавите и најемотивните работи во животот.
Тогаш неговата сопруга Славица се породи и ја роди нивната ќерка на која гордите родители и го дадоа убавото име Кристина.
Фејсбук/ Јордан Митев
Пејачот во една пригода во интервју за Гламур магазин откри како го избрале ова преубаво име кое е вкоренето длабоко во нашата традиција и вера, но и дека е пресреќен што неговото прво дете е женско.
Имено, како што самиот откри тогаш Јордан, името Кристина го избрале за да и ја исполни желбата на својата сопруга.
Фејсбук/ Јордан Митев
Наводно кога неговата сопруга била бебе, и требало да ја крстат, името Кристина било едно од предлозите.
„Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, изјави тогаш Јордан, а неодамна во емисијата кај Стефан Лазаров сподели уште една преубава вест.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, Јордан откри дека неговата сопруга сега повторно е во блажена состојба и дека овој пат очекуваат машко дете.
Фејсбук/ Јордан Митев
Инаку, Јордан на социјалните мрежи често знае да сподели и детали од својот приватен живот и да ги изненади сiте.
Неговата ќеркичка за неколку месеци ќе напони две години, а тој по нејзиното раѓање објави и песна што ѝ ја посвети.
Фејсбук/ Јордан Митев
Тој никогаш не криел колку му значи семејството, а како што самиот откри во една пригода, максимално ужива во татковството.
„Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, изјави во една пригода за Гламур Јордан.
Целото интервју со Јордан Митев може да го прочитате тука, а ние, еве, ја користиме оваа прилика нему и на неговата поубава половина уште еднаш да им ги честитаmе убавите вести и да им посакаме бременоста да помине во најдобар ред.