ДиетиНега и здравје

Го најдовме и во Македонија, а најбаран е во светот за брзо слабеење – чајот кој урива рекорди во популарност, како делува во топењето на салото

Една македонска новинарка (која сака да остане анонимна) одлучи да испроба Yerba mate како природна и поевтина замена за лекот Озепик, кој е наменет за дијабетичари тип 2, но во последно време го користат и оние кои сакаат да ослабат. Еве го искуството.

Advertisement

Во светот на диетите и природните помагала за слабеење, се појави нов тренд – јужноамериканскиот чај наречен Јерба мате (Yerba mate). Дури и ѕвездите тврдат дека чајот е замена за Оземпик (популарниот скап лек за слабеење).

Овој напиток, направен од сушени листови на растението Ilex paraguariensis, веќе е популарен насекаде низ светот, а доаѓа од земјите како Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај. Во Македонија не е толку познат, па време е да слушнете за него.

Advertisement

Станува збор за буџетски достапна и здрава алтернатива за оние кои сакаат да ја забрзаат метаболичката функција и да изгубат вишок килограми.

Yerba mate е повеќе од обичен чај – тоа е природен сојузник во борбата со вишокот килограми и заморот. За они кои бараат ефикасна и природна алтернатива за слабеење, ова е напиток кој вреди да се проба. Со редовна и умерена употреба, Yerba mate може да помогне да го забрзате метаболизмот, да ја подобрите варењето и да имате повеќе енергија во текот на денот.

пекселс

Дали Yerba mate може да биде природна замена за скапите лекови за слабеење?

Една македонска новинарка (која сака да остане анонимна) одлучи да испроба Yerba mate како природна и поевтина замена за лекот Озепик, кој е наменет за дијабетичари тип 2, но во последно време го користат и оние кои сакаат да ослабат.

Advertisement

Во светот моментно, чајот Yerba mate може да се купи за околу 10 евра, што е многу поевтино од специјализираните лекови за слабеење. Во Македонија, јерба мате чај (или концентрат) може да се најде по цена од 500- 900 денари.

Новинарката пиела три недели редовно од чајот, без додатоци – само чај, без шеќер. Резултатите биле интересни: иако килограмите не се намалувале драстично, таа почувствувала дека телото ѝ е помалку надуено, а варењето се подобрило.

Новинарката тврди дека метаболизмот почнал побрзо да ѝ работи и дека телото, со тоа, можеби започнало посилно да согорува маснотии.

По три недели, резултатот бил намалување за еден конфекциски број, што воопшто не е малку.

Што е Yerba mate и зошто го обожаваат познатите?

Yerba mate е богат извор на природен кофеин, теобромин, антиоксиданси, витамини и минерали. Освен што буди и го подобрува фокусот, помага да се забрза метаболизмот и го намалува чувството на глад.

Познати личности како Џејсон Момоа, Гвинет Палтроу и Том Харди го користат како дел од својата дневна рутина.

пекселс

Yerba mate во Македонија – каде може да се купи и колку чини?

Во Македонија Yerba mate станува се повеќе достапна. Можете да ја најдете во продавниците за здрава храна, но и во неколку онлајн продавници. Цената на пакување од 250 грама варира од 500 до 900 денари, што е пристапна цена за чај со толку бројни здравствени придобивки.

Се распрашавме и дали Јерба мате може да се одгледува кај нас, на пример, во градината или во бавчата. Одговорот е – не.  За жал, поради потребата од топла и влажна клима, одгледувањето на Yerba mate во домашни услови во Македонија е многу тешко и ретко успешно. Најдобро е да се набавува готов чај од проверени продавници.

Внимание при консумација – умереност е клучна

Иако Yerba mate има многу позитивни ефекти, експертите предупредуваат дека прекумерната употреба може да има ризици. Имено, високото ниво на кофеин што го содржи ова растение може да го зголеми крвниот притисок и да ја забрза работата на срцето. Затоа, секогаш треба да се консумира умерено.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button