По разводот од сопругата остана сам во нивната куќа од 2 милиони евра – пејачот тука си ги лечи раните
Харис Џиновиќ сега ужива сам во луксузниот комплекс што го изгради за своето семејство

Пејачот ужива за сите пари во луксузната вила
Познатиот фолк-пеја Харис Џиновиќ по разводот од Мелани Џиновиќ остана да живее во својата луксузна вила од 2 милиони евра.
Вилата изгледа како оние што ги гледаме во холивудските филмови, а с простира на 930 м2 во луксузна населба во Белград.
Инстаграм
Целиот простор зрачи со луксуз и отменост, а како сето тоа изгледа можевме да го видиме преку објавите на неговата ќерка Џина Џиновиќ, која често споделуваше моменти од својот раскошен дом.
Вилата е инспирирана од неговиот живот во Франција и во неа има се што може човек да посака и да замисли.
Инстаграм
Како што пренесува српскиот „Блиц“, во раскошната вила на Џиновиќ има базен на кровот, вински подрум со колекција најскапи вина од целиот свет, музичко студио и теретана.
Секој детаљ во вилата е внимателно избран, а дел од мебелот е пристигнат директно од Париз каде Харис некогаш имал ресторан.
Како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение:
Инстаграм
Потсетуваме, Мелани по разводот од Харис замина да живее на Азурниот Брег, додека пејачот остана во нивната куќа.
Инстаграм
Таа се пресели во Монако каде исто така успешно се занимава со дизајнирање на фустани за светскиот џет-сет. Нејзините модели досега ги имаат носено многу познати ѕвезди како Џенифер Лопез, Парис Хилтон Ева Лонгорија, Бритни Спирс, Софија Вергара и многу други.
Инстаграм
Мелани има свој бутик во Белград, а сега и во Монте Карло, каде неодамна беше фатена од папараци како излегува од својот скапоцен автомобил и заминува на бал за најбогатите луѓе на светот.
Повеќе за ова прочитајте тука…
Инстаграм
Инстаграм