Наша позната фолк-пејачка во фустан со длабок шлиц ги остави сите без здив – блеска и на 44 години
Покажа како изгледа и во костим за капење

Многу помлади дами можат да ѝ завидуваат
Нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска работи со полна пареа, што може да се види и од нејзиниот Инстаграм профил.
Таа преку социјалните мрежи ги најавува своите настапи, а викендов сподели и една снимка со која сите ги воодушеви.
Инстаграм/ Елена Велевска
Имено, Елена сподели видео на кое се гледа како ги развеселува гостите во еден ресторан, облечена во тесен фустан со длабок шлиц.
Нејзините згодни нозе беа во преден план, па следуваа бројни коментари и сите се согласни дека изгледа одлично во петтата деценија.
Инстаграм/ Елена Велевска
Пејачката само неколку дена претходно откри како изгледа и во костим за капење и никого не стави рамнодушен.
Инстаграм/ Елена Велевска
Потсетуваме, нашата позната пејачка има родено три деца, а изгледа како да е во своите најдобри години.
Инстаграм/ Елена Велевска
Полна со енергија Елена плени каде и да се појави, а во една пригода откри и како ја одржува својата линија.
„Се трудам колку што можам да вежбам, да се хранам здраво и да пешачам. Не постои никаква посебна тајна, освен тоа што пијам многу вода, одам на редовни козметички третмани и масажи“, изјави Елена во една пригода во интервју за Гламур.