Наши ѕвезди

Македонскиот „министер“ што го обожаваат и нашите во Австралија се врати од својата успешна турнеја

Заврши големата и успешна Австралиска турнеја на Борче Наумовски (Министерот за естрада) и неговите музички соработници

Advertisement

Австралија оваа пролет блескаше во боите на македонската традиција и музика благодарение на големата турнеја на Борче Наумовски, попознат како Министерот за естрада. Заедно со своите врвни соработници – Анета Арсовска, Гоце Петрески – Бананата, Маестро Кирил Стојчевски и Стивен Стојчевски, тие за седум интензивни недели одржаа вкупно 12 музички настани, кои вклучуваа концерти, кафеански вечери и дружења под мотото Balkan Night Party.

Организирани од црквата Св. Недела од Gold Coast и Илинден од Сиднеј, настаните беа срцево доживување за илјадници Македонци кои со носталгија ја дочекуваат секоја прилика за блискост со татковината преку музика.

Advertisement

„Не бевме преполни, но секаде бевме солидни, а неколку концерти однапред веќе беа продадени“, искрено открива Министерот, додавајќи: „Имавме совршен помин и преубави моменти. Засекогаш ќе ја паметам оваа турнеја како една од најуспешните“.

Приватна архива

Клучот на успехот, според Борче, е токму тимот – музичари и пријатели со кои дели подеднаква страст за македонската музика. Посебно ги истакна својот брат Кирил Стојчевски, врвен музички уметник, како и Гоце Бананата, долгогодишен сценски партнер. За Анета Арсовска, со која често споделуваат сцена, рече дека „заедно дадовме сè од себе да ги задоволиме апетитите на нашинците ширум Австралија“.

Advertisement

Оваа турнеја, како што подвлече, иако траела само 7 недели, била исклучително динамична и напорна, со патувања речиси секој ден. Но, заморот исчезнувал во мигот кога ќе се чуеа првите акорди и ќе почнеа песната и ората. „Со песна и оро, дури и уморот се заборава. Тоа е силата на македонската песна“.

Приватна архива

Борче испрати длабока благодарност до сите организатори и поддржувачи, како и до публиката што ги следеше насекаде, велејќи: „Ние не носиме само музика. Ние ја носиме Македонија“. Тој се заблагодари и на сите ново стекнати пријатели, нагласувајќи: „Живи и здрави нека се сите наши луѓе во Австралија – до следното големо дружење“.

Во време кога културната врска со дијаспората е поважна од кога било, турнејата на Борче Наумовски и неговиот тим претставува пример како се чува, негува и пренесува македонскиот идентитет преку музика. Австралија не само што ја слушна Македонија – таа ја почувствува.

Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button