Наши ѕвезди

Најтажната објава на Џамбо на неговиот Фејсбук што многумина расплака – голема тага што не минува

И денес со неверување и тага се сеќаваме на страшниот настан што се случи на 18 март во Кочани

Advertisement

И денес немаме зборови како да ја опишеме оваа болка и тага, и денес сме лути, гневни и разочарани, како што бевме и тогаш. Впрочем вака некако гласи и почетокот на пораката што Џамбо Агушев ја напиша веднаш по страшната несреќа што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, а со која познатиот македонски музичар изрази сочувство до семејствата и блиските на неговите колеги, другари, но и до сите луѓе што загинаа во страшната несреќа…

Наскоро ќе поминат три месеци од страшната трагедија што се случи во Кочани кога настрадаа 62 лица, а многумина се уште се во болница.

Advertisement

Оваа трагедија го потресе целиот регион, а градот Кочани го завеа во црно и остави бројни семејства во огромна болка.

Фејсбук/ Џамбо Агушев

Во несреќата загинаа и осум членови од бендот ДНК, меѓу кои и Андреј Ѓоргиески, еден од двајцата фронтмени на бендот.

Advertisement

Што се однесува до Владимир Блажев познат како Панчо, тој успеа да ја преживее несреќата, но, за жал, се уште е во болница.

Фејсбук/ Џамбо Агушев

По несреќата, многу познати лица се огласија и споделија тажни пораки, а многу од нив беа и мошне блиски со настраданите членови од бендот, па и денес тагуваат што ги нема.

Мошне близок со сите нив беше и музичарот Џамбо Агушев, кој заедно со својот оркестар соработуваше со нив и на нивната најпозната песна.

Станува збор за песната „Ако утре ме нема“ под која денес на Јутуб можат да се прочитаат бројни тажни пораки, а со која музичарите и овој бенд ќе остане засекогаш запаметен каково Македонија, така и во регионот.

Со тажна порака тогаш од бендот се прости и музичарот Џамбо Агушев, а истата деновиве случајно ни се појави на Фејсбук.

Фејсбук/ Џамбо Агушев

Пораката на Џамбо до неговите колеги со кои беше близок како да се браќа нема да ја споделиме, бидејќи неговите зборови и денес болат (види тука). Тој тогаш беше скршен од болка, па наместо неговите тажни зборови решивме да ја споделиме песната на ДНК во која тој беше гостин, а се со цел да се потсетиме на нив, на една од нивните најубави песни, но и на сите жртви од несреќата.

И повторно да запалиме свеќа, да се помолиме за нивните души, но и за членовите на нивните семејства да најдат мир.

И секако да не ги заборавиме и оние што истата ја преживееја, а на кои во моментoв се уште им е потребна помош.

Нив најмалку треба да ги заборават одговорните во ова држава, кои треба да направат се како би им го олесниле лекувањето.

Не треба да ги заборавиме и сите ние останатите и секогаш кога можеме, да помогнеме со донации, кој колку може.

Тоа може да го направиме и преку платформата „Супорт Кочани“ (види тука), но и со купување хуманитарен билет за Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен open-air фестивал во Македонија кој оваа година ќе се одржи од 4 до 6 јули во Штип. Овој фестивал ова лето ќе биде бесплатен за сите посетители, но со можност за купување на хуманитарен билет – сите собран средства ќе бидат наменети за иницијативата „Супорт Кочани“ и за помош на настраданите во пожарот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button