Многу тешки ситуации поминав за да станам мајка – Татијана искрено за најважната улога во нејзиниот живот
Нашата позната пејачка стана мајка на 42 години, а денес ужива во семејниот живот и мајчинството...

Шармантната Татјана Стефановска важи за едно од најценетите имиња меѓу нашите пејачки од фолк-сцената.
Нејзината кариера трае веќе долги години, а позната е по тоа што на нејзините настапи секогаш знае да направи одлична атмосфера.
Но покрај нејзиниот глас, Татјана важи и за една од најубавите и најзгодните пејачки, и тоа не само во Македонија, а има снимено многу песни и освоено бројни награди, така што сосем заслужено е на високо место на нашата фолк-сцена.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
И како што самата откри во една пригода, кариерата ја започнала сосем случајно, со еден настап на „Фолк Фест Валандово“, не планирајќи да продолжи со оваа работа, но по фестивалот животот и се менува.
Таа повеќе од десет години е во среќен брак со својот колега музичар Митко Бежановски, а во 2021 ја добија ќеркичката Ана.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Пејачката детето го доби по повеќегодишна борба за потомство, а речиси никој не знаеше дека е во блажена состојба, па веста дека се породила и дека родила женско дете тогаш изненади и израдува многумина.
Тие ова лето на нивната наследничка ќе го прослават четвртиот роденден, а од социјалните мрежи може да видиме како и уживаат во родителството и во брачниот живот.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Татијана не крие дека мајчинството ја променило, но и дека тоа што ја родила на повозрасни години имало влијание.
„Јас сум и премногу грижлива мајка. Не ја сакам таа особина кај мене, но, тоа е што е. Можеби е така, затоа што, тешко стигнав до дете, можеби тоа што на 42 ја родив Ана.. не многу млада. Сепак повозрасна жена е посвесна за работите и опасностите кои можат да се случат, па затоа сум и повеќе претпазлива и повеќе паничам од многу други мајки“, изјави Татијана во една пригода за Гламур.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Пејачката тогаш додаде и дека својата ќеркичка ја воспитуваат да биде добро и скромно дете, да искажува љубов и да дели со другарчињата, но зборуваше и за тешките ситуации низ кои поминала за да се оствари во улога на мајка, додавајќи дека никогаш не се пожалила, ниту пак била гневна.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
„Многу тешки ситуации поминав за да станам мајка, но ниеднаш не се пожалив и ниту еднаш не бев гневна. Работите си доаѓаат кога Бог сака и ние не можеме да го смениме тоа. Сѐ вредеше, за сега да ја имаме Ана“, изјави Татијана тогаш во интервјуто за Гламур магазин на кое може да се потсетите на линкот во продолжение:
Кога Бог сака, работите си доаѓаат на свое место – искрено за мајчинството со Татијана Стефановска