FashionLIFESTYLEВестиСтил

Зошто сите патишта утре ќе водат кон Битола – Што е тоа „Креативен ден“ за кој сите зборуваат?

Advertisement

По четврти пат оваа година во Битола ќе се одржи настанот „Креативен ден“ во органзиација на „Божиловиќ продукција“. Се работи за спој на уметнноста и образованието со силна поддршка кон  учениците.

Во Битолскиот народен театар на 28 мај ќе се одржи модниот перформанс КРЕАТИВЕН ДЕН 2025. На настанот  ќе учествуваат седум средни училишта, девет градови и 15 независни модни дизајнери.

Advertisement

КРЕАТИВЕН ДЕН е мост помеѓу образованието и бизнис секторот, а  целта е подобрување на имиџот и враќање на довербата на модно-текстилната струка помеѓу младиот креативен потенцијал.

На овој уникатен настан “Креативен ден“ учествуваат сите средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти.

-„Креативен Ден“ е платформа која на младите модни таленти им овозможува да го покажат својот потенцијал, креативност и труд пред јавноста и претставниците на индустријата. Ова е настан кој не само што ги афирмира учениците, туку и ги поврзува со бизнис секторот, кој е важен партнер за нивната иднина вели за Битолањуз, Весна Божиловиќ од продукција “Божиловиќ“, организатор на настанот.

Advertisement

Секоја година се изработуваат креации  на претходно зададена тема од професорките на СОУ “Таки Даскало“ од Битола, а оваа година темата е Ориент.  Средношколците работат во тим составен од дизајнер-ментор и модел (Дама, успешна жена, која ја презентира креацијата).

Ученикот има можност да работи со професионален дизајнер,кој го води низ целиот процес на изработка, а Дамата со носењето на креацијата, јавно му го признава стекнатото знаење и вештини на ученикот.

Целиот концепт има висока општествено одговорна и хумана карактерна црта, затоа што, истата таа креација Дамата си ја купува, а средствата како донација се наменети за подобрување на практичната работа во училишните кабинети.

Од скоките училишта на овој настан годинава со своја креација ќе се престави и СУГС “Кочо Рацин“. На дизјанот работеа проферорката по стручни предмети Емилија Савеска и ученикот Семра Мурат.

Сите тимови работат на модели кои се инспирирани од ориентот- богатото културно наследство, декоративните елементи , традиционалните ткаени и колоритни мотиви од истокот. Покрај организацијата на модната ревија ќе има и средби и разговори околу дизајнирањето на облека со познати дизајнери од Македонија.

Со ова младите се поттикнуваат на претприемништво, на стручно образование, коешто брзо ги носи до финансиско и кариерно осамостојување.

ВИП гости на модниот настан ќе бидат: ЕЛЕНА ЛУКА, Никола Ефтимов, Ивана Кнез, Татјана Алексиќ и претставници од Текстилен Кластер.

Доколку иамте можност прошетатјте се утре до Битола и уживајте на една прекрасна модна ревија во градот на модата.

Еве како било лани :

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button