Наши ѕвезди

15-годишната Лара од Скопје ја однесе победата во Монако на изборот за Топ Модели

TOP MODEL INTERNATIONAL 2025

Advertisement

Македонија со титулата победничка !!

Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21от изборот за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15годишната Лара Станчева ученичка во СУ Георги Димитров од Скопје. Таа овој фантастичен успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет !!

Advertisement

Нашата Лара е член на Модното студио Црнокрак, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор за модели, на кој Македонија за прв пат имаше свои претставници.

Модно студио Црнокрак

Првично од преку 10.000 кандидати, пријавени онлајн од целиот свет се избраа 5.000 од 35 националности, кои беа на кастинг во повеке градови во Европа. На кастингот во Париз Лара беше избрана за полуфинале во Брисел заедно со 450 кандидати. И таму Лара одлично се претстави и влезе во финалето, меѓу најдобрите 111 девојки, од кои 52 беа во конкуренција на модели и 59 во конкуренција на фотомодели.

Advertisement

Финалето се одржа во престижната сала Sporting Monte Carlo, а Лара Станчева победи во конкуренција на фотомодели. Кај машките победник е Matteo Mergny од Белгија, а Македонија ја претставуваше Димитар Димоски кој имаше најголем број гласови од public voting и во Брисел ја освои наградата фотосесија во Saint Tropez.

Модно студио Црнокрак

Во конкуренција на модели победи Emma Demay од Франција, а кај машките претставникот на Италија Federico Rossini.

За победата Лара доби учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите.

Модно студио Црнокрак

Модно студио Црнокрак

Модно студио Црнокрак

Модно студио Црнокрак

Модно студио Црнокрак

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button