Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда направи крштевка, па со емотивни зборови му се обрати на својот син

На среќата ѝ нема крај...

Advertisement

Ова беше посебен ден за младиот пејач

Поранешната македонска Гранд ѕвезда, Александар Темелков, заедно со сопругата Сара го крстија нивниот син Мите.

Advertisement

Тие на нивниот наследник во јануари оваа година му го прославија првиот роденден, а сега му направија и крштевка.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Поранешната Гранд ѕвезда на својот Инстаграм објави неколку фотографии од овој свет чин, а на церемонијата присуствуваа кумовите и најблиските членови на семејството и пријателите.

Advertisement

Крштевка на нашиот син Мите. Нека ти е вечно името и нека ни е вечно и вековно кумството со нашите сакани кумови“, напиша Темелков.

Инстаграм/ Александар Темелков

Неговиот наследник веднаш ги освои симпатиите кај сите и доби бројни честитки од следбениците и пријателите на пејачот.

Инстаграм/ Александар Темелков

Потсетуваме, Александар се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а по завршувањето на шоуто продолжи да ја гради успешно својата кариера.

Тој веќе има и неколку фолк хитови зад себе, а неговата последна песна Бегалка излезе неодамна и беше одлично прифатена (види тука).

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Темелков и неговата убава сопруга Сара во јануари минатата година се остварија во најубавата улога во нивните животи.

Инстаграм/ Александар Темелков

Мите е нивно прво дете, a пејачот својата сакана ја запроси во 2023 година, по што ги изненади сите и со веста дека е бремена.

Повеќе детали и од прославата на првиот роденден на синот, но и од моментот кога младиот пар се заколна на вечна љубов, погледнете од фотографиите во продолжение, односно од текстот тука.

Инстаграм/ Александар Темелков

Инстаграм/ Александар Темелков

Инстаграм/ Александар Темелков

Инстаграм/ Александар Темелков

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button