Се фати за микрофонот и направи лом
Нашиот познат фолк-пејач неодамна се врати од турнеја во Австралија и веднаш продолжи да работи со полна пареа.
Речиси да нема викенд тој некаде да не настапува, а секогаш кога ќе се појави на некоја веселба, сите се воодушевени.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
И без разлика дали станува збор за свадба или обичен настап во некоја кафеана, Спасен секогаш знае да направи атмосфера.
Впрочем така беше и овој пат, а снимката од неговиот последен настап во еден ресторан покажува како сето тоа изгледа.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено, кога Спасен се фати за микрофонот и запеа, сите станаа на нозе, па за кратко време настана и лавина од воодушевувања.
Многумина од гостите ги извадија и мобилните за да го снимаат својот омилен пејач, па благодарение на нив испливаа и бројни снимки од оваа забава во која фолкерот им приреди одлична вечер на сите.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
На една од овие снимки се гледа како ја пее песната „Македонско девојче“, а заедно со него распеани се и сите останати.
Како сето тоа изгледаше, погледнете ви продолжение…