Наши ѕвезди

Нема да ви се верува со што се занимавала Лила пред телевизијата и како ја викале порано колегите

Каде и да се појави ги собира сите погледи, а така било и пред да стане позната...

Advertisement

Прекрасна дама…

Најголемата македонска телевизиска ѕвезда, Лила Филиповска, важи за негувана дама коа многу внимава на својот изглед.

Advertisement

И кога таа ќе се појави во студиото на телевизија „Сител“ речиси да нема некој што нема да се сврти по неа, а ништо поразлично не е и кога нашата позната водителка ќе се прошета низ главниот град.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Секогаш облечена во трендовски парчиња, таа блеска во своите феноменални изданија и преставува инспирација за многу дами.

Advertisement

Впрочем така беше и сега, кога Лила позираше во ова опуштено, но максимално фенси пролетно издание со кое многумина воодушеви.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа носеше долг фустан без ракави, со широк крој и во боја на вино, а целото издание го „зачини“ со стејтмент папучи и чанта.

Станува збор за модни додатоци со потписот на едни од омилените модни куќи и на најпознатите дами, а комбинацијата ја заокружи со впечатлив златен накит, коса врзана во пунџа и тренди очила за сонце.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Како опис на оваа објава водителката напиша:

„Барем е убаво времево. А и јас“, а бројот лајкови што стои под објавата покажува дека ова издание на Лила им се допадна на многумина.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„Ти секогаш“. „Убава и кога е невреме“, беа само некои од коментарите што Лила ги доби под ова свое издание на Инстаграм.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Потсетуваме, Лила покрај нејзината емисија „Се’ или нешто“ која важи за една од најгледаните, е мошне популарна и на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии.

„Тоа е мојот начин на живот“

Таа секогаш внимава што облекува, што многу пати досега и сама го има истакнато во разни интервјуа, а ова се однесува и за нејзината убавина. Тоа било така дури и кога работела како медицинска сестра, професија со која се занимавала пред да стане водителка.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„Тијана, тоа е мојот начин на живот. Јас и ко работев како медицинска сестра, на почетокот кога завршив средно школо, додека студирав, пред да почнам да работам на телевизија, работев како медицинска сестра. Можете да ги прашате тогашните колеги и колешки, кои што работеа со мене, ме викаа сестрата, кога немаше да им текне на моето име, кога бев нова – ’сестрата со карминот’. Затоа што јас при секое влегување во сестринската соба си го поправав карминот “, изјави Лила во една пригода во емисијата „Вечер со Тијана“ .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button