Благоја Грујовски се појави со оваа девојка, гостите изненадени – еве што зборуваат за овој пар
Освоија втор награда од жирито и од публиката

Настап што ги воодушеви и публиката и жирито
Младата и талентирана пејачка Василија Петрова имаше брилијантен настап заедно со Благоја Грујовски на „Фолк-фест Валандово“.
Тие за овој нивен дует добија и награда, освојувајќи ги најубавите зборови и комплименти од сите за нивниот настап.
Фејсбук/ Василија Петрова
Благоја и Василија настапија со песната „Што си ветивме“ (музика Глигор Копров, аранжман Никола Автовски и текст Борче Нечовски), и со ова нивно вокална интерпретација го освоија второто место на фестивалот.
Ова е извонреден успех и за двајцата, но посебно за младата пејачка која полека но сигурно се искачува на ѕвезденото небо во Македонија.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Таа по потекло е од Бугарија, но за себе вели дека е Македонка, односно нејзините предци по потекло биле од Кочани.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Василија има 22 години и е последна година на факултетот на кој студира за тренер по пливање и професор физичко воспитување.
Фејсбук/ Василија Петрова
Таа на познатиот „Пирин фолк“ фестивал во Сандански освои пет награди со песната „Жетварка“ на Спасен Сиљаноски, а во Македонија се прослави со учеството во Музичкото талент шоу „Нови и млади“ каде стигна до самото финале. Но овие нејзини успеси почнаа да им пречат на многу нејзини сонародници, па дел од медиумите во Бугарија и инфлуенсери ја обвинија за предавство – затоа што се претставува како Македонка и пее македонски песни.
Повеќе за ова, прочитајте тука…
Инаку, на фестивалот во Валандово првото место го освои уште еден дует – Сузана Гавазова и Љупчо Ѓоргиев, а публиката беше воодушевена и од тоа како популарната пејачка изгледаше на сцената.
Повеќе за ова прочитајте тука…