Наши ѕвезди

Пејачот од Македонија тажен по „Ѕвездите на Гранд“ – професорот беше одличен, но испадна од шоуто

И покрај генијалниот настап, не доби доволно гласови

Advertisement

Беше напнато до самот крај…

И додека на Алмија Крџалиќ и течеа солзи радосници што директно се пласираше во следниот круг, натпреварувачот од Македонија кој овој пат освои само четири гласови беше повеќе од разочаран

Advertisement

Станува збор за 32-годишнот Никола Зацески од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ кој иако настапи со преубава македонска песна „Учи ме мајко карај ме“ и беше брилијантен, сепак не успеа да ги освои симпатиите на жирито и да помине во следниот круг.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој не доби гласови од Милиграм и Босанац, па тие и дадоа предност на Алмија и таа директно се пласираше.

Advertisement

Од друга страна рокерот Ѓорѓе Давид го пофали настапот на Никола, посебно што станува збор за преубава песна која македонскиот натпреварувач ја изведе маестрално, па според рокерот заслужувал повеќе од освоените четири гласови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Покрај Милограм и Босанац, и Марија Шерифовиќ го критикуваше Никола, најмногу заради изборот на песните.

„Професоре, ти си сјаен пејач, ти одлично пееш, но ова вечерва не беа песни за тебе. Едноставно не ти поверував, и подобро би било да имаше грешки, но да ти верував“, заклучи Марија.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И претходно беше строга кон него

Таа исто така беше строга кон него и во првиот круг, кога му даде „паник“, но и му порача дека може да си ја фрли дипломата во канта бидејќи стилски не си ја пронашол сопствената мерка (види тука).

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Никола е од Битола и има 32 години, а по професија е оперски пејач и професор по пеење.

Тој пред само две недели, во претходниот круг, освои шест гласови и помина директно, а овој пат беше еден од двајцата што не успеаја да поминат ниту од баражот, што секако беше големо разочарување за сите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Разочарана беше и неговата девојка која беше во бекстејџот и која беше дојдена заедно со неговата кума да го бодрат.

„Никола, никогаш не дозволувај на своето знаење, на својот карактер и на она во што ти веруваш. Браво“, порача Цеца на крајот, очигледно разочарана од гласањето на своите колеги.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button