Кога нашата пејачка се појави на сцената, публиката воодушевена – цела Македонија зборува за неа
Гавазова победи на Фолк-фест Валандово, а публиката беше воодушевена и од преубавиот фустан што македонската фолк-дива го носеше на сцената

Никого не остави рамнодушен и со стајлингот
Македонската фолк-дива Сузана Гавазова имаше брилијантен настап заедно со својот колега Љупчо Ѓоргиев на „Фолк Фест Валандово“.
Тие беа прогласени за победници на 38.издание на овој фестивал, а пејачката ги воодушеви сите и со својот необичен стајлинг.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, Гавазова за оваа посебна пригода избра впечатлив свечен фустан во кој изгледаше како холивудските диви.
Таа едноставно блескаше од глава до пети во ова свое свечено издание, а во фокусот беше нејзиното раскошно деколте.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Кога се појави на сцената никого не остави рамнодушен, а покрај неа зрачеше и нејзиниот колега со кого ја освоија наградата.
Убавата струмичанка носеше бајковита тоалета која беше одраз на безвременската женственост, со широко здолниште до подот и со прерамки во горниот дел, целосно покриен со цветови во истата нијанса.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката ова прекрасно издание го зачини и со преубава шминка и фризура, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение….