Работел како келнер, а сега со песна од Тоше го изненади целиот Балкан – Македонецот ги воодушеви сите
Една од најемотивните изведби на песна од Тоше досега

Шармантниот пејач ги воодушеви сите
Мирослав Тодосовски Миро во популарното шоу „Никогаш не е доцна“ имаше уште еден настап со кој ги воодушеви сите.
Миро овој пат настапи со песна од Тоше Проески, кој беше негов пријател, а за овој негов настап ќе се зборува со денови.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Дојде време да запеам и нешто на македонски. Татко ми е од Македонија и роднините од Скопје ми напишаа да не доаѓам повеќе во Македонија, ако не испеам некоја македонска песна. Имав чест да го познавам покојниот Тоше и навистина беше срце, голема енергија. Кога ќе застанеш покрај него, ти се тресеа рацете, таква енергија имаше“ изјави Мирослав непосредно пред неговиот настап.
Тој потоа настапи со песната „Тајно моја“ и речиси сите во студиото ги донесе до солзи, пишува „Гранд.онлајн“.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
По неговиот генијален настап следуваа само пофални коментари од жирито, а го пофали и Ивана Павковиќ.
Според мене ја избравте најубавата песна. Мене и мајка ми и татко ми се од Македонија, ме вративте во детството и му разбудивте некои емоции. Ви се заблагодарувам на тоа, прекрасно ја испеавте оваа песна“, изјави Ивана Павковиќ презадоволна од настапот на Македонецот.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој потоа задно со неа во ревијалнот дел ја испеа познатата песна Југословенка со која повторно сите беа воодушевени.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Миро има 48 години и живее во Словенија, а со музика се занимава веќе со децении и досега настапувал со бројни музичари.
Тој во Словенија живее со својата сакана која е поранешна тенисерка и со која се заедно повеќе од една деценија.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Пејачот не крие дека во животот покрај музиката се занимавал со сė и сешто, а во првиот круг од емисијата изјави:
„Работев како келнер, на мене никогаш ништо не ми било тешко нешто да работам, продавав и весници на семафори. Првиот настап го имав некаде во 93-та година“, откри Миро по својот прв настап во популарното шоу.
Како изгледаше и овој негов настап, потсетете се тука...
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Инаку, по настапот на Миро и во последниот круг, Маре му порача дека беше генијален, но и дека му се лути за едно нешто.
„Тој е еден разбојник, на кого му се лутам што нема поголема кариера. Ти посакувам уште вакви настапи, патот до финалето што се однесува до мене апсолутно ти е отворен“, истакна Маре.
Како изгледаше овој настап на Миро, погледнете во продолжение…